EN

Александар Срнец

1924, Загреб, Хрватска – 2010, Загреб, Хрватска

 

Без наслов 3, 1967

Сито печат на хартија, 49,5 x 53 см

Едиција: 5/24; сигнирано: д.л.: 5/24 301267; д.д.: Srnec 67

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 01912 

 

Биографија

Александар Срнец (30 јули 1924 – 27 март 2010 година) е хрватски уметник, главно познат по неговите авангардни дизајни и кинетичка и лумино кинетичка уметност. Срнец беше еден од основачките членови на групата Exat 51 чии активни членови помеѓу 1950 и 1956 година беа архитектите Вјенцеслав Рихтер, Бернардо Бернарди, Здравко Бреговац, Божидар Рашица и Владимир Захаровиќ и сликарите Владо Кристл и Иван Пицељ. Неговото дело е се базира на апстрактната уметност со употреба на геометриски форми. Во 1953 година ги дизајнирал своите први кинетички објекти со наслов „Вселенски модулатор“, додека во 1956 година ги започнал своите експерименти со подвижни скулптури и релјефи.

Краткиот увод во биографијата е од англиската Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Во целина биографијата е достапна на wikipedia.org/wiki/Aleksandar_Srnec

Претходни изданија