Новости УЧЕСТВО НА МСУ ВО ЈУБИЛЕЈОТ НА СИМАМ
EN

УЧЕСТВО НА МСУ ВО ЈУБИЛЕЈОТ НА СИМАМ

Директорката на МСУ-Скопје, Мира Гаќина заедно со Јованка Попова и Благоја Варошанец, куратори од музејот, учествува на годишната конференција организирана од Меѓународната мрежа на Музеи и колекции за современа уметност CIMAM, која оваа година се одржува на Палма де Мајорка, Шпанија. На свеченото отворање говор за важноста на музеите и нивното влијание врз промените во општеството одржа и кралот на Шпанија, Филип VI.