Едукативна програма Училиште МСУ Предавања Работилници МСУ Водич
EN

Бојана Пишкур: Некои размисли за деколонизирање на уметничките институции

20.12.2023

Во последниве години многу се пишуваше за новите прототипови на институции и новите видови на институционалност. За нови, поотворени и подемократски модели на музеи се дискутираше долго. Но, дали е навистина возможно да се надмине дихотомијата помеѓу внатрешноста и надворешноста на една институција? Бојана Пишкур работи како кураторка во Модерна галерија, Љубљана. Поголемиот дел од нејзината работа е поврзана со југословенскиот и постјугословенскиот контекст и со Движењето на неврзаните.

Видео запис: 1:04:41

Предавање на Рик Долфијн - КУРИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНОТО: НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ

17.12.2023

Предавањето се сосредоточува на револуционерната изложба НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ ,,LES IMMATÉRIAUX’’ ко-курирана од филозофот Жан Франсоа Лиотар во 1985 година, и начинот на кој кураторот преку оваа изложба искажува грижа за светот и современоста. Воведувајќи „изложба која промислува“ која замислува свет што доаѓа и за кој се презема одговорност, се овозможува пристап преку кој оваа изложба, но и изложбите воопшто можат да го истражуваат својот политички потенцијал денес.

Видео запис: 1:12:28

Презентација: „Центар за политичка убавина“, Берлин

16.10.2023

Основан во 2009 година ,,Центарот за политичка убавина’’ покренува серија ангажирани акции во соработка со различни европски волонтери и партнери, стремеејќи се кон „морална убавина, политичка поезија и радикален хуманизам.’’

Презентација на Габриела Лангхолф; Воведно претставување: Тихомир Топузовски

Звучен запис: 1:54:21

Предавање на Лиа и Дан Перјовши

05.04.2023

Лиа и Дан Перjовши: ,,Постојано репозиционирање, меѓу локалното и глобалното.’’

Лиа Перјовши е истражувач, уредник и концептуален уметник. Дан Перјовши е уметник кој го користи цртежот во најразлични форми и медиуми, како цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво.

Звучен запис: 1:40:14

Предавање на Адам Ночек

12.03.2023

Во рамките на изложбата „Пејзаж на вознемиреност“, Музејот на современата уметност го претставува Адам Ночек со предавањето „За планетарните архитектури на урбаните агро-екосистеми“. Ночек критички пристапува кон импликациите на технологиите на урбанизација на земјата. Адам Ночек е директор на Центарот за филозофски технологии нa Државниот универзитет Аризона во САД. Неговите публикации тематски се позиционираат во пресекот помеѓу филозофијата, биологијата, медиумите и дизајнот… Повеќе за настанот на: Адам Ночек: За планетарните архитектури на урбаните агро-екосистеми.

Звучен запис: 1:00:24

Разговор со Дритон Селмани

07.12.2022

По повод изложбата „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“, Дритон Селмани (роден 1987 во Урошевац, Косово) разговора со кураторот Владимир Јанчевски за процесот на конципирање и темите што се во фокусот на неговото дело. Изложбата во МСУ презентира дела, во различни медиуми, кои се обидуваат да воспостават нови релации во дадениот контекст, покажувајќи ги начините на кои Селмани користи хумор за да го истражи и преиспита секојдневието, коешто обично се врзува за апсурдни традиции и хиерархиски структури.

Видео запис: 1:24:56

Владимир Јанковиќ „За синтетичкото небо“

04.11.2022

Предавањето „За синтетичкото небо“ ги проучува кондезирачките линии на небото направени од авионите, кои предизвикуваат еколошка контроверзност и внимание на јавноста. Владимир Јанковиќ е професор по Хуманистички науки и ко-основач на Центарот за кризни студии на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. 

Видео запис: 1:38:47

„Скокни“, изложба на Ахмет Огут

26.05.2022

Со прошетка и разговор со публиката, уметникот Ахмет Огут ја претставува својата самостојна изложба „Скокни!“ во МСУ Скопје. Проектите на Ахмет Огут во голема мера се однесуваат на собирање локални приказни и барање сличности на друго место. За изложбата во МСУ Скопје, уметникот изработи ново дело, насловено „Скокни!“. Делото е инспирирано од чинoт на светската солидарност по скопскиот земјотрес во 1963 година. … Повеќе за изложбата на Ахмет Огут: „Скокни!“

Видео запис: 0:16:36

Немања Цвијановиќ: АНТИФАШИЗМОТ КАКО САМООДБРАНБЕН СПОМЕНИК

13.05.2022

Презентацијата насловена „АНТИФАШИЗМОТ КАКО САМООДБРАНБЕН СПОМЕНИК“ се осредоточува на реализираната интервецнија на Немања Цвијановиќ „Споменикот на Црвената Риека – споменикот на самоодбрана“ реализирана во 2020 година во Риека, Хрватска, кој може да се разбере како промислен акт кој се спротивставува на подемот на национализмот како и националистичкото насилство. Ова конкретно дело претставува појдовно стојалиште во однос на конфротациите на фашистичкото и антифашистичкото наследство во Хрватска, но и пошироко, дефинирајќи го гестот на Цвијановиќ како ангажиран во однос на општествените текови, политиката, уметноста.

Видео запис: 0:55:45

Презентација на Дарко Алексовски

17.04.2022

Презентација на делата на младиот македонски уметник Дарко Алексовски, по повод неговата самостојна изложба „Пејзажи на восхитот“. Алексовски е еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на 13. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ Скопје.

Видео запис: 1:16:39