Списанието Големото стакло/The Large Glass 29/30 издадено во 2020 се однесува на мигрантската криза, односно како мигрантските текови се отелотворуваат во уметнички пракси и можност за создавање на политички позиции.
Изданието се состои од три дела насловени „МИГРАНТСКИТЕ УМЕТНОСТИ КАКО ПРАКТИКИ НА ПОЛИТИЧКОТО“, „МАПИРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ И ТЕКОВИТЕ“ и „ВО ПРИТВОРСКИТЕ ЦЕНТРИ И МЕСТАТА НА ПРИКРИЕНА ВИДЛИВОСТ“. Бројот придонесува кон тековните дебати вклучувајќи ги мигрантските уметности како хуманитарен одговор во однос на раселувањето и исклучувањето на групи и поединци.
Овој број на Големото Стакло содржи ексклузивни прилози од водечки теоретичари, академски професори, визуелни уметници и неформални групи. Автори се Томас Нeил, Стефан Јонсон, Ан-Лоре Амилиа Сари, Меги О’Нил, Џон Периволарис, Ричард Мус, Нишат Аван, Николас Ламберт, Криста Лајнс, Зинеб Седира, Алан де-Соуза, Францис Алис, Роберт Атанасовски, Бишнуприја Гош, Минипогон, Лурон Гутјирез, Валери Портафе и Франко ’Бифо’ Берарди.
Главен одговорен уредник на списанието е Тихомир Топузовски.
Дизајн на списанието: Private Print
Публикувањето на списанието е финансиски поддржано од Министерството за култура
Списанието се публикува на англиски јазик