Едукативна програма Школски програми Работилници МСУ Водич
EN

Школски програми

 

 

 

Школските програми кои повремено ги организира Одделот за едукација на МСУ имаат за цел да ja прошират генералната наобразба, познавање и интерес за визуелната современа уметност. Програмите се различно дизајнирани во зависност од тоа дали се наменети за најраната детска возраст, учениците во основниот, среден или студентски образовен процес, или за општата публика. 

 

Рецентни програми:

17. 06, 2023 – Образовна програма за ДКЦ Карпош и Детскиот фестивал на креативноста „Трамболини“. Под водство на кустосот Бојана Јанева и во присуство на директорката на Детскиот културен центар Билјана Лалчевска се одржа обука за основните поими во уметноста насловена „Временски патници“ со фокус на изложбата „Дефрагментација“. Едукатор: Бојана Јанева;

18, 05. 2023 – Инклузивни креативни простори на шпанскиот проект ИНАРТдис во Македонија, која вклучува ликовна работилница инспирирана од тековната изложбата 14. Биенале на млади уметници;

10. 05. 2023 – Ликовна и образовна работилница за ученици од ОУРЦ ,,Др. Златан Сремец”, ,,Иднина” и СУГГС ,,Здравко Цветковски” од Скопје со завршна изложба на 15. 05. 2023 во МСУ. Координатори од МСУ: Бојана Јанева и Јулија Манојловска

22. 11 – 20. 12, 2022 – МСУ ШКОЛО:  едукативен курс за студентите на Факултетот за ликовна уметност, студентите по Историја на уметност и археологија, Архитектонскиот факултет, понатаму за студентите кои ги изучуваат дизајнот, модата…, но и сите оние кои пројавуваат интерес кон современата и имаат афинитети да добијат поизострена слика за уметноста. Серија предавања посветена на главните прашања кои ја дефинираат уметноста низ историјата до денес, основните теми кои се во фокусот на современата уметност, системот на продукција и нејзината интеракција со јавноста. Темите се занимаваат со дефиниција на уметноста, развојот на визуелната уметност низ вековите и како таа се надоградувала до денес, кои се дистинкциите помеѓу она што е уметност, а што занает, применетата уметност и дизајнот, архитектурата и маркетингот. За да се разбере современата уметност, неопходно е генерално предзнаење и за историјата на уметност. Преглед на модерната уметност во 20-от век преку конкретни примери и правци, земајќи предвид дека во минатиот век имало големи промени во уметноста, чие влијание се уште и денес е присутно, степенувајќи ја важноста на уметноста која ја создавале Марсел Дишан, Енди Ворхол, Џозеф Кошут и Џеф Кунс. Фокус врз тектонските промени во уметноста во 21 век, преку селекција на најзначајните уметници на денешницата Олафур Елиасон, Риркрит Тираваниџа, Аи Веи Веи и Маурицио Кателан, Тино Сегал, Хито Штејерл, Форензик Архитекчур, Томас Сарасено, Таниа Бругеира, Хива К. и други. Програмата ја опфаќа и современата уметност на Балканот преку примерите на придонесот на Марина Аврамовиќ, Младен Стилиновиќ, Н.С.К., Немања Цвијановиќ, Дан Перјовши, Даниел Кнор, Адриан Паци, Селман Селма и други. Во фокусот на предавањата е и уметноста во Македонија, како и претставување на некои од најзначајните уметници, кои се активни, не само на локалната, туку и на интернационалната сцена, како колективот О.П.А., уметниците Игор Тошевски, Нада Прља, Јане Чаловски, Христина Ивановска, Велимир Жерновски. Куратор и едукатор: Никола Узуновски;

15. 06. 2022 – Ликовна и образовна работилница за деца од Детскиот фестивал на креативност – Трамболини со фокус на изложбата „Скокни“ на Ахмет Огут. Едукатор: Бојана Јанева