Музејот на современата уметност – Скопје е симбол на солидарноста, која како трајна вредност останува врежана во колективната меморија на македонската јавност.

Основан во 1964 година како резултат на бројни донации на уметнички дела од 65 земји во светот, мисијата на Музејот е да ја одржува меморијата и традицијата на солидарноста и да продолжи да колекционира, чува, заштитува, проучува и вреднува значајни уметнички дела и со нивно изложување на судот на јавноста да ја развива свеста и да го овозможува разбирањето на современата уметност и општество.

Тој располага со драгоцена меѓународна колекција и дава репрезентативен увид во македонската современа уметност.

Покрај колекцијата, Музејот во своите простори организира и претставува изложби и манифестации, разговори со уметници, трибини, филмски и видео проекциии, предавања и разни едукативни програми.

© MoCA / МСУ