Алан Д’Арканѓело

|САД|

Роден во Бафало|1930 – 1998

Алан Дарканџело е сликар и графичар. Во 1960-те Д‘Арканџело беше сметан за уметник близок до поп-арт движењето поради неговите слики со автопатишта и сообраќајни знаци, кои опишуваа визури со длабок перспектива на поедноставен, рамен план, глетки кои како да се видени од од седиште на еден возач во движење по привидно бесконечните американски автопатишта. По нив следеше циклусот Бариери, во кој отсечените, апстрахирани претстави на патни препреки беа поставени преку визури со перспектива од една точка на гледање. следниот циклус наречен Констелации ја следеше уште подлабоко оваа тенденција на апстрахирање на патните препреки во перпективни шари на бела позадина што се простираат долж платната. Неговите дела се наоѓаат во колекциите на Тејт галеријата во Лондон, Музејот Витни во Њујорк, Центарот Волкер во Минеаполис и во многу други. привани колекции низ светот.

Претставуваме делo на Алан Д’Арканѓело вклученo во колекцијата на МСУ:
Бетонска двојна лента на свиок низ планините, 1965, масло, молив, колор фотографија на платно, 150 х 177см

Д’Арканѓело Алан



No more work to show