Поттикнат од преставувањето на колекцијата МСУ-Скопје во Кунстхале Виена во 2023 година, ова издание на The Large Glass (Големото стакло) се насочува кон актуелните дебати во критичката музеологија и пристапите кон преиспитувањето на кураторските практики, музејските колекции, галериските простори и застапеноста на публиката. Во оваа насока се вклучени значајни оригинални прилози кои се однесуваат на релациите помеѓу критичките музеи, претставувањето на културните различности, практиките на деколонизација, како и музеолошки концепти кои ги адресираат и вон-човечките простори.
Меѓу авторите застапени со свои текстови се Катажина Муравска-Мутезиус, Соња Абаџиева, Јесус Педро Лоренте, Бојана Пишкур, Марија Ѓорговиќ, Фиона Камерон, Адам Ночек, кураторскиот колектив WHW и други.
Главен одговорен уредник на списанието е Тихомир Топузовски
Соработници во уредувањето на овој број се Ивана Васева и Владимир Јанчевски.
Дизајнот на списанието е на Денис Сарагиновски
150 страни
Списанието излегува на англиски јазик
Цена: 500 МКД