Продавница Large Glass Journal 31/32
EN

Large Glass Journal 31/32

 

Единственото специјализирано списание во Македонија посветено на уметноста и теоријата е во издание на МСУ Скопје.

Бројот 31/32 на списанието ,,Големото стакло’’ е фокусиран на „Новата реалност“, реалноста обликувана од серија настани во текот на 2020 и 2021 година, како што се пандемијата, затворените граници, антагонизмите и национализмот, како и погрешните политики кон животната средина. Овој предизвикувачки контекст не само што создава ситуација на „политичка вонредност“, туку и потреба за уметнички практики кои изразуваат „состојба на вонредност“.

Автори кои преку различни прилози се застапени во новиот број се: Џон Пол Рико, Паула Серафини, Јонас Стал и Флоријан Малзехер, Шираз Гринбаум и Орен Зив, Фарес Чалаби, Алфредо Крамероти, Игор Штромајер, Борис Гројс, Мира Гаќина, Немања Цвијановиќ, Владимир Јанчевски, Кетрин Николс, Ким Нилсен, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Валентино Димтровски, Зоран Петровски и Лилјана Неделковска.

 

Цена: 500,00 МКД

Најновите и поедини постари изданија може да се набават во продавницата на МСУ во работното време на музејот.