Продавница Маици Лудус
EN

Маици Лудус

Поддржувајќи ги македонските стартап фирми, Музејот на современа уметност – Скопје во својата продавница ги нуди производите на „Лудус“, македонски моден бренд за безродова еколошки одржлива мода. Колекцијата се состои од монохроматски маици со издолжени пропорции, во црна и бела боја, изработени од памук со нула отпад, според заложбите на брендот за одржливо модно производство. Производите може да се носат и како фустани што ја отсликува безродовата визија на дизајнерот Драган Христов.
 
„Лудус“ е македонска модна етикета основана во 2010-тата година, една од ретките што прави пробив на интернационалниот пазар.  Добитник на BIG SEE Fashion Award во Љубљана, 2018, NJAL+ наградата на фестивалот „Assembly“ во Грац, Австрија во 2019 и WOW SHOW наградата на Љубљанската модна недела во 2020-та година. Колекциите на „Лудус“ се застапени во концептуални продавници во Европа и курирани веб продавници за независни дизајнери во САД, Велика Британија, Холандија, Германија и Словенија.
 
Бела асиметрична маица со кратки ракави:
Цена 4.248.00 денари
 
Бела асиметрична маица со долги ракави:
Цена 4.602.00 денари