EN

Жао Ву-Ки

1921, Пекинг, Кина – 2013, Швајцарија

 

27.04.1965, 1965

Масло на платно, 46 х 50см

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 00606

 

Биографија

Жао е роден во Пекинг со семејни корени во провинцијата Данту, Женџијанг, Џангсу. Во детството бил вратен од Пекинг во родниот град Данту, кадешто студирал калиграфија и бил прифатен од Уметничката школа за ликовни уметности Ханџу. Од 1935 до 1941 студирал сликарство на Кинеската ликовна Академија во Ханџу во класата на Лин Фенгмиан, Фанг Ганмин и Ву Даву. Во 1948 отпатувал за Парис со неговата сопруга, музички композитор Ши Џанглан. Ву-Ки живеел во тој период на Монпарнас во истиот кварт каде што Емил Ото Фриш држел часови. Неговите првични изложби во Франција биле поддржани од Хоан Миро и Пабло Пикасо.

Краткиот увод во биографијата е превземен од англиската Википедија според: Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Текстот во целина е достапен на: wikipedia.org/wiki/Zao_Wou-Ki

Претходни изданија