| Велика Британија |
Родена во Будимпешта во 1935.
Студирала сценографија, фреско-сликарство и мозаик на Академијата за применети уметности и сликарство на Институтот за ликовни уметности во Будимпешта. Емигрира во Англија во 1956, после унгарската револуција. Студирала графика на Уметничката школа Камбервел во Лондон. Во 1958 ја добива Гулбенкијановата стипендија што и овозможува да специjализира графички техники во ателјето на познатиот бакрорезач С.В Хајтер во Ателје 17 во Париз. Ова искуство извршило големо влијание врз нејзината натамошна кариера и во 1966-67 таа ја добива Черчиловата стипендија и можноста да престојува и работи во САД и Мексико. Таму експериментира со транспарентни материјали како “перспекс“, комбинирајќи ги предностите на линеарната гравура со тродимензионални форми, потпирајќи се во тоа на експериментите на раните модернисти, Наум Габо и Ласло Мохољи-Наѓ.
Делата на Агате Сорел се претставени во 43 музејски и други јавни колекции во целиот свет, вклучувајќи ги и Тејт галеријата и Британскиот музеј.
Претставуваме делo на Агате Сорел од серијата нејзини дела вклучени во колекцијата на МСУ:
Пресудa 3, 1964, бакропис, бакрорез, а.о., 65×49,5cm