EN

Симон Узуновски

1949, Белград, Србија – 2019, Скопје, Македонија

 

Пиргон, 1976

Дрво, пластично црево, 90 х 200 х 15

Аквизиција: Откуп

Инвентарен бр.: 05219

 

Биографија

Роден 1949 година во Белград. Во 1982 година дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје. Студирал и историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Неговата работа опфаќа различни постапки и дисциплини: архитектура, сценографија, сликарство, цртеж, колаж, редимејд, инсталации, перформанс. Со своите партиципативни проекти од 1970-тите, реализирани надвор од музејско-галерискиот систем, тој се истакнува како една од клучните фигури на концептуалниот дискурс во македонската уметност. Од 1980 до 1985 година активно се занимава со сценографија. Заедно со Крсте Џидров создава сценографии за Театарската работилница на Естетската лабораторија на Филозофскиот факултет во Скопје (1980-1982) како и сценографии за професионални театри, за што добиле повеќе награди. Освен во Скопје, работел и живеел и на италијанскиот остров Капри, каде што реализирал голем број самостојни изложби. Починал на 10 декември 2018 година во Скопје.

 

Претходни изданија