EN

Симон Шемов

1941, Кавадарци

 

Мрсулаво дете, 1971

Масло на платно, 100 х 100 см

Аквизиција: Откуп

Инвентарен бр.: 02348

* Збирката на дела од Симон Шемов опфаќа вкупно 29 слики, објекти од хартија, цртежи и графики

 

Биографија

Симон Шемов (р. 1 декември 1941 во Кавадарци) — македонски сликар и графичар, како и универзитетски професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.[1]

Тој е ден од првите истражувачи на алтернативните насоки во ликовната уметност, со заложба за проширување и испреплетување на медиумите

Животопис
Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1964 година. Станал редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Ја афирмирал македонската уметност и надвор од државата. Интересирањето за природните феномени е присутно во сликарството, графиката, инсталациите, објектите, интервенциите во природен и урбан простор и особено во делата од рачно изработена хартија (Пантеист, 1967; Детски игри, 1972; циклусот Ангели, 1990; Шума, 2003).

Биографијата е превземена од Википедија на македонски јазик, според Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Достапно на: https://mk.wikipedia.org/wiki/Симон_Шемов

 

Претходни изданија