1907, Љуботин, Црна Гора – 1974, Белград, Србија (СФР Југославија)
Медитеран 2, 1952
масло на платно, 112 х 146 см
Аквизиција: донација од уметникот
Референтен бр.: 00950
Веднаш по скопскиот земјотрес во октомври 1963 година, Петар Лубарда ги подарил сите 26 дела од неговата изложба во Ниш, подоцна изложени и во Скопје, со што се вбројува меѓу најголемите дарители на МСУ Скопје. Музејот во својата колекција поседува вкупно 52 дела, од кои 40 слики, два акварели и десет цртежи што опфаќаат две и пол децении од кариерата на уметникот (1942-1966).
Во меѓувоениот период студирал сликарство во Белград и Париз, а од 1932 година до неговата смрт во 1974 година живеел во Белград. Во неговиот сликарски опус се постојано видливи меморираните обележја на острата конфигурација на суровиот каменит црногорски пејзаж. Во почетокот слика во стилот на реалистичната фигурација во која преовладува нагласена драматика на светло-темниот валер. Од почетокот на 1950-те години, Лубарда е меѓу првите признати југословенски сликари кој ја напушта идеологијата на социјалистичкиот реализам, преминувајќи од редуцирана експресивна колористичка фигурација во асоцијативна апстракција.