1928, Скопје – 2015, Скопје
Скулптура III/IV, 1964
Метал, 80 х 140 х 52 см
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 00595
*Збирката на дела од Петар Хаџи Бошков содржи вкупно 43 уметнички дела, од кои 18 скулптри и скулпторски композиции и 25 графички листови.
Биографија
Петар Хаџи Бошков е роден на 1 јуни 1928 година, во 1953 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, на Одделот за скулптура, а во 1959/60 година специјализирал скулптура на Кралскиот колеџ за ликовни уметности и на Слејдовата школа за ликовни уметности. Во 1965/66 година бил гостин-професор на Академијата за ликовни уметности Купер во Њујорк. Своите искуства и широки знаења од областа на уметноста пред основањето на ФЛУ им ги пренесуваше и на учениците во Училиштето за применета уметност во Скопје.
Проф. Хаџи Бошков од 1964 до 1980 година работел во Училиштето за применета уметност во Скопје. Од 1980 до 1988 година работел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде се стекнал со звањето редовен професор, а од 1980 до 1985 година бил декан на овој факултет.
Во неговата богата биографија остануваат забележани повеќе од 30 самостојни изложби во Македонија, во просторите на поранешна Југославија, во Англија, САД, Турција и Грција, учества на повеќе од 300 групни изложби во земјата и во странство, како и на бројни скулпторски колонии и симпозиуми ширум поранешна Југославија. Во 1978 година Петар Хаџи Бошков учествуваше на Меѓународното биенале во Венеција, реализирал 16 монументални споменици кои се поставени во Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и во Франција, а за своето богато и високо ценето творештво е наградуван со 30 национални и меѓународни награди, меѓу кои е и наградата „11 Октомври“ доделена во 1969 година. За почесен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 2009 година.
Делата на Петар Хаџи Бошков се застапени во државни и приватни колекции во Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Кралството Англија, САД, Франција, Полска, Италија, Турција, Грција, Белгија и во многу други места.
Во 1955 година во Скопје Петар Хаџи Бошков ја отвори првата изложба на Хенри Мур, скулпторот кој ќе изврши големо влијание на неговото творештво, а со кого ќе го врзува и големо пријателство.
Скулпторот Петар Хаџи Бошков беше почесен член на Македонската академија на науките и уметностите, познат и признат професор, еден од основачите, редовен професор и прв декан на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (ФЛУ).
Извор: https://hadziboskov.mk/mk