EN

Ордан Петлевски

1930, Прилеп – 1997, Загреб, Хрватска

 

Македонско село, 1957

Масло на платно, 89 х 116 см

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 00927

* Збирката на МСУ Скопје брои вкупно 35 дела од Ордан Петлевски: 13 сликарски дела, 9 цртежи и 13 графички листови.

 

Биографија

Ордан Петлевски (Прилеп, 24 август 1930 – Загреб, 22 јануари 1997), македонски сликар. Една од клучните фигури на современата македонска и хрватска ликовна уметност.

По дипломирањето на Академијата за применета уметност во Загреб во 1955 година живеел во Хрватска. Бил еден од иницијаторите за основање на Музејот на современа уметност во Скопје во 1963 година.

Контекстуалните рамки на сликарството на Петлевски се движат од фантастиката и надреализмот до енформелот и сликарството на материја, типично со биоморфни облици на монохроматска позадина. Иако средишниот дел од творештвото на Петлевски се поврзува со енформелот, како доминантен правец во апстракцијата од 60-те години на XX век, кај Петлевски секогаш станува збор за уникатен јазик и за „превладување на енформелот“. Негова ќерка е познатата хрватска писателка Сибила Петлевски.

Биографијата е од Википедија на македонски јазик, превземена според Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Достапно на: https://mk.wikipedia.org/wiki/Ордан_Петлевски

 

Претходни изданија