EN

Јинджих Штирски

1899, Чермна,  Австро-Унгарија – 1942, Прага, Чехословачка

 

Слика, 1934

Масло на платно, 100 х 130 см

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 01976

 

Биографија

Јинджих Штирски (11август 1899 – 21 март 1942) е Чешки сликар надреалист, поет, книжевен издавач, фотограф и графички уметник. Неговото извонредно дело вклучува графичко обликување на бројни книги и илустрации. Тој исто така пишувал и студии за Артур Римбо и Маркиз де Сад. Заедно со неговата уметничка партнерка Тојен (Мари Черминова), тој членува во уметничкиот колектив Деветсил од 1923, учествувајќи на нивните групни изложби. Штирски и Тојен имаат изложби во Парис кон крајот на 1920те години, кадешто основаат сопствено движење наречено Артифишализам.  

Краткиот увод во биографијата е превземен од англиската Википедија во согласност со Attribution-ShareAlike Creative Commons License.

Биографијата во целина е достапна на wikipedia.org/wiki/

 

Претходни изданија