ИРВИН е дел од уметничко-политичкиот колектив NEUE SLOVENISCHE KUNST (NSK – Нова словенска уметност) формиран во Словенија во 1984 година
Пасош од Државата Ирвин НСК издаден 2000 година
Пасош и пополнет формулар со биографски податоци, оптпечатен на А4 лист
Аквизиција: Откуп
Инвентарен бр.: 03973
Пасошот на државата ИРВИН НСК е издаден на барање на Музејот на современа уметност Скопје по повод перформансот НСК Гарда Скопје – пасошка канцеларија во 2000 година.
Биографија
Од 1991 година НСК се прогласи за своевидна суверена држава. Како таква, излагањето на членовите на колективот ИРВИН се врши во вид на амбасада, или територија на претпоставената држава. Од 1994 НСК – ИРВИН воспостави конзулати во повеќе градови, вклучувајќи го и Умаг во Хрватска. Таа издава пасоши и поштенски марки. Пасошите на НСК се уметнички проект и како таков нема важност при патување.
Овој извадок е превземен од англиската Википедија во согласност со Attribution-ShareAlike Creative Commons License.
Текстот во целина е достапен на wikipedia.org/wiki/Neue_Slowenische_Kunst