EN

Душан Перчинков

Скопје, 1939

 

Остатоци од летната ноќ, 1967

Масло на платно, 94 х 94 см

Аквизиција: Откуп

Инвентарен бр.: 01667

 

Биографија

Душан Перчинков (роден на 13 април 1939 година во Скопје) — македонски сликар, графичар и ликовен педагог, најзначаен претставник на геометриското сликарство и еден од најавтохтоните уметници, заслужен за оформување на редица сликари од помладата генерација.

Душан Перчинков дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1963). Бил редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Ја претставувал Македонија на Биеналето во Венеција (1978). Во сликите и графиките внимателно и на оригинален начин ја набљудува околината (пејзажот, урбаните средини), создавајќи во почетокот меки надреалистички претстави со едноставни знаци и облици (Море, 1963; Имагинарен предел, 1967).

Кон крајот на шеесеттите години се ориентирал кон апстрактни строго геометриски композиции со пастелен колорит, без очевиден пандан во ликовната уметност (Предел со траги од сонцето, 1967; Плима, 1968). Во следната етапа нежните бои ги заменува со интензивни и внесува знаковни асоцијативни елементи (Предел што трепери И, 1972; Залез, 1975). Едновремено издава графички мапи со софистицирани, сложени и концептуално обмислени содржини (Ништо, 1991; Збирови, 1992).

Превземено од Википедија на македонски јазик, во согласност со Attribution-ShareAlike Creative Commons License
Биографијата е достапна на: https://mk.wikipedia.org/wiki/Душан_Перчинков

Претходни изданија