EN

Нада Прља

1971, Сараево, Босна и Херцеговина

 

Локални глобализми, 2008

Подна инсталација со седум грамофони и сито-отпечатени винилни грамофонски плочи, приближни димензии 2,5 м2

Аквизиција: Подарок од уметницата

Инвентарен бр.: 05069

 

Биографија:

Нада Прља е визуелна уметница, чија главна цел е да влијае на општеството на најдиректен начин, предизвикувајќи го критичкиот дискурс околу прашањата на актуелната политика, национализмот, човековите права, миграцијата. Делата на Прља се однесуваат на локалните или контекстуалните специфики или тие што ги допираат определени општествени услови, што условува често во варирањето на изборот на медиум од проект до проект. Таа работи главно во инсталација, видео инсталација, жива уметност и јавна уметност; нејзината практика вклучува цртање, сликање и скулптура.

Прља е родена во 1971 година во Сараево, Босна и Херцеговина и живеела во Скопје, (1981-98 и 2014-18) и во Лондон 1998-2013 година. Таа моментално живее и работи меѓу Копенхаген и Скопје.

Делото со наслов Локален глобализам е инсталација која се состои од винилни плочи насликани со бои и симболи на различни знамиња, кои се вртат на старомодни грамофони. Музиката која се слуша на плочите е „Локален глобализам“, композиција на современиот српски бенд Врум. Изборот на знамињата на националните земји претставени во делото е Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија и Турција, според музиката најчесто емитувана на ТВ каналот „Балканика“, кој покажува дека новите групирања на државите е во формирање. Различните толкувања на овие национални симболи можат да ги откријат нашите стравови, несигурности и соништа. Како што плочите се вртат на грамофоните, станува тешко да се разликува која плоча/знаме ја претставува која земја, бидејќи тие стануваат заматени во круг од споени бои.

Извор: https://nadaprlja.com/

Претходни изданија