Кент, Велика Британија
Семиња на промени, 2019
Амбиентална инсталација, дрво, метал, ултравиолетово осветлување, стакло, почва, подлога од зелен покрив и капиларни подлоги, диви цвеќиња и печатени велови
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 05278
Ден Тарнер е уметник и едукатор од Лондон, Ром роден во Кент. Дипломирал на отсекот за скулптура на Уметничката школа Сент Мартинс во Лондон. Работи во различни медиуми, вклучувајќи скулптура, видео и сликарство.
Во фокусот на неговите тематски интереси е интеракцијата помеѓу ромската и мејнстрим културата. Тој е заинтересиран за тоа како човечкиот живот може да се дефинира и архивира преку предметите што се направени и како овие објекти комуницираат низ времето, преку заедничка „материјална“ култура и како тие ја артикулираат таа култура пред пошироката публика, и особено во врска со Ромската заедница. Тој ја гледа својата уметност како рекултивација на јавниот простор – каде што некогаш постоеше видливо присуство на Ромите, сега има отсуство. Тој верува дека има потреба да се ресетира трансакциската рамнотежа помеѓу патникот (номадот) и непатникот, да се воспостави дијалог и да се сменат вкоренетите ставови.
Со користење на трансакциски објекти кои имаат значење во двете култури, Тарнер испитува како културите на циганите, ромите и патниците (номадите) се среќаваат и комуницираат со доминантната култура. Работејќи со мапи за миграција на ромските дијаспори и користење на традиционални занаети и занимања, како што е билкарството, изработката на штипки и дрвени цвеќиња и раскажувањето на среќата, Тарнер ги преобмислува Ромите во минатото, сегашноста и иднината за да го оспори погледот на мејнстрим културата за нашите ромски идентитети.
Превземено од вебстраната: danturnerartist.com/about/