Роберт Адамс

| Велика Британија |

1917 – 1984

Претставуваме делo на Роберт Адамс вклученo во колекцијата на МСУ:
Вертикална форма со кривина-макета , 1965, бронза, железо, 51x20x13см

Определеноста на Адамс кон монументални остварувања го објаснува додатокот во насловот на ова дело дека се работи за макета, иако е изработено во дефинирани скулпторски материјали. Тоа потекнува од 1965 и е со мали димензии. Инаку своето решение да подари едно дело, авторот го донесе во 1971.
Тој е еден од оние претставници на репрезентативната британска скулптура од првата половина на векот, чии корени се бараат во скулпторските реализации на Хенри Мур и на Барбара Хепворт. Истовремено, делото на Адамс се поврзува и со пластичните размислувања на Бранкуси, Пикасо и Малевич. Во ова дело Адамс се обидува да го пронајде излезот од контрастот меѓу линијата и масата, отварајќи ја оваа конструкција со неколку вертикални, едноставни острини компонирани истовремено со необична динамика и цврста статика во која е компримирана монументалноста на формите.

Адамс Роберт



No more work to show