Рафаел Каногар

| Шпанија |

Роден во Толедо | 1935

Роден во Толедо,. Студира во Мадрид, каде во 1957 станува основач на групата Ел Пасо, непријателски настроена кон режимот на Франко. Неговата работа прераснува од Социјален реализам во агресивно експресивна апстракција, но во 1960те тој повторно ги користи репрезентативните елементи, со голема доза на хумор и сатира, преку кои ја манифестира човечката изолираност во современиот свет: „Протагонистот на мојата работа е чистата денунцијација на идустријалното општество, кое ја заробува нашата урбана егзистенција и редуцира нашето човечко битствување до чист функционализам, неподобен за основен соживот и братство“. Каногар патува и изложува на многу места и е сметан за еден од водечките шпански сликари на неговата генерација. Во 1971 награден е со Гран-при на Биеналето во Сан Паоло.

Извор: Речник на уметноста од ХХ век (1999)

Претставуваме делo на Рафаел Каногар вклученo во колекцијата на МСУ:
Метеж, 1966, масло на платно, 197 х 150см

Каногар Рафаел



No more work to show