EN

Предраг Нешковиќ

1938, Биела, Србија 

 

Големиот борец, 1964

Темпера на платно, 150 x 118 см

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 01080

 

Сликата „Голем Борец“ му припаѓа на почетниот период во творештвото на белградскиот уметник Предраг Нешковиќ, во кој сèуште не беше издиференциран неговиот понатамошен специфичен ликовен израз. На светло-сива рапава основа, на која се наѕира структурата на вреќата, со розови, сиви и окер тонови, во недефиниран простор распоредува повеќе расфрлани ликовни елементи, со далечна асоцијација на распарчана фигура на борец.

Љ(убица) Д(амјановска), опис од инверт. картотека на збирката на МСУ 

Претходни изданија