Петар Мазев

Роден во Кавадарци | 1927 – 1993

Завршил Академија за ликовни уметности во 1953. во Белград во класата на проф Зоран Петровиќ. Истата година станува член на ДЛУМ и почнува со излагање на групни и самостојни изложби.
Студиски престојувал во повеќе европски земји.
Во 1959. станува професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, а во 1980. избран е за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде што останува сé до пензионирањето. Добитник е на многубројни награди, меѓу кои: “Сапиро” во Париз (1959), “11 октомври” (1961), “13 ноември“ (1965), “Никола Мартиновски” за цртеж (1981), награда за сликарство на СЛУЈ (1981), награда за сликарство на ДЛУМ (1987) и др.
Претставуваме неколку од серијата дела на Петар Мазев вклучени во колекцијата на МСУ, масло на платно, акварел, масло и акрилик на платно:
Курбан, 1978 | Портрет, 1985 | Црвена арабеска, 1972 | Црна арабеска, 1973 | Двајца, 1981 | Револт, 1981 | Женски портрет во розово, 1987

No more work to show