EN

Алфредо Волпи

| Бразил |

Роден во Лука, Италија | 1896 – 1988

Алфредо Волпи е сликар кој со своето дело придонесува во придвижувањето на бразилската уметност и култура кон модернизмот. По краткиот експресионистички почетен период, Волпи наскоро се определува за апстрактни геометриски форми и за температа како негова основна сликарска техника. Во текот на 1950-те години, тој станува препознатлив по неговите високо стилизирани и живописни слики со фасади на куќи. Во текот на 1960-те години тој ги развива неговите карактеристични “бандерињас“ (мали знаменца) мотиви, според кои делото на Волпи најчесто се идентификува и кои поттекнуваат од бразилскиот фолклор (малите знаменца се вообичаениот реквизит во популарниот “фестивал јуниња“ кој се одржува во јуни): уметникот во нив создава шара од мали знаменца и во кои покажува развиено чувство за колористички комбинации и добро избалансирана композиција.
Волпи станува пошироко познат и признат по добивањето на наградата за најдобар бразилски уметник на Второто Биенале во Сао Паоло и по неговото учество на Биеналето во Венеција во 1952 година. Ретроспективните изложби во Музејот на модерна уметност во Сао Паоло (2006) и Куритиба (2007) повторно ги открија вредностите на делото на Волпи и различните влијанија врз развојот на неговата кариера, во кое особено место има германско/американски уметник Џозеф Алберс. Неговото мајсторство во користењето со темперната техника, создава континуитет меѓу ренесансната сликарска традиција и новата просторност на модернизмот.

Претставуваме делo на Алфредо Волпи вклученo во колекцијата на МСУ:
Фестивалот на св. Јован, 1970, сито печат во боја, а.о. 46,5×64,5 см

Претходни изданија