Публикации Vol. 33/34, 2022
EN

Vol. 33/34, 2022

Овој број на Големото Стакло (The Large Glass) овозможува критички пристап кон различни аспекти  поврзани со (не)видливоста на Ромите, вклучувајќи текстови, визуелни проекти и други прилози кои ја тематизираат нивната  општествена исклученост. (Не)видливоста на ромите поставена во различни општествени контексти подразбира форми на системско насилство, стратегии на препознавање и стигматизирање, уметнички и културни репрезентации кои ја засилуваат другостa, резултирајќи во ситуации во кои поединци и групи стануваат изолирани, (не)видливо опстојувајќи на општествените рабови. Оттаму,  овој број ја покренува темата за (не)видиливоста на Ромите како етичка обврска денес преку прилози за нивната култура, историја, традиција како и ангажирани уметнички проекти во овој контекст.

Автори застапени во овој број на Големото Стакло се: Даниел Бекер (уметник), Кимо Грaнквист (професор по Pомски студии на Универзитетот во Хелсинки, Финска), Jоана Варша (кураторка) Естер Гиoјрги (професорка по Историја на Универзитетот по хуманистика во Будимпешта, Унгарија), Јуст Вандебруг (уметник), Сузана Милевска (теоретичарка и кураторка), Ивана Хаџиевска (историчарка), Моника Вајхерт (професорка по новинарство и комуникација на Универзитетот за Општествени науки во Варшава, Полска), Михаил Стојановски (Советник во Европскиот центар за ромски права), Аманда Буткес (професорка на Универзитетот Гуалф, Канада), Мира Гаќина (кураторка и директорка на Музејот на современата уметност во Скопје).

Уредник на списанието е Тихомир Топузовски.

Дизајн: Private Print

Списанието се печати со поддршка на Министерството за култура

Претходни изданија