Изданието се фокусира на релациите помеѓу современите дигитални технологии и продукцијата, дистрибуцијата, интерпретацијата и користењето слики како евиденција за војната во насока на истражување на поврзаноста помеѓу естетиката и насилството. Како одговор на војната, маргинализацијата и исклученоста, во новиот двоен број 37/38 на Големото стакло, списание за современа уметност, култура и теорија, претставуваме селекција есеи, интервјуа и прилози што обработуваат овие и многу други актуелни прашања.
Автори застапени во овој број на Големото Стакло се Тихомир Топузовски (главен уредник), Метју Фулер, Нада Прља и Софија Григориаду (коуредници) Соња Абаџиева, Сара Ахмед, Софија Бемпеза, Лили Чулијараки, Жулиет Жак, Самитипо, Касана, Оксана. Кивинен, Јоана Лека, Тевж Логар, Ибрахим Махама, Чус Мартинез, Мет Пакер, Мартин Шиби, Ивана Сиџимовска, Игор Симеес, Естер Сакач, Мортен Сондергард, Кивели-Лињу Цамантани, Химат Зуби и Бланка де ла Торе.
Изданието содржи и уметнички дела од Лоренс Абу Хамдан, Марија Аксилиадора да Силва, fantastic little splash, Барбара Хамер, Јулијана Хакстабл, Ибрахим Махама, Јован Јосифовски, The.Out.s, Сергиј Петлјук, Динео Сеше Бопапе и други.
Исто така, се вклучени прикази на изложбите во МСУ-Скопје: Дан и Лиа Пержовски, куратор и текст на Мира Гачина; Глобални наративи во текстил, кокуратор и текст на Јованка Попова (кокуратори Сузане Вајс и Инка Гресел); Пропагандна станица на Јонас Стаал, куратор и текст на Ивана Васева; Координати на еден сон: 60 години проектирање на современост, Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.