Големото стакло во ново издание – The Large Glass Journal

Музеј на современата уметност – Скопје

Списанието Големото стакло за прв пат е издадено во 1995 година и публикувано во 24 броеви до 2009 година. Повторното издавање на списанието во 2018, сега ‘Тhe Large Glass’ со нов концепт, како списание за современа уметност култура и теорија, означува нов почеток. Издавањето на англиски јазик овозможува Музејот на современата уметност да соработува интезивно со меѓународни автори, како и други културни, уметнички и академски центри и институции. 

Главен и одговорен уредник на списанието е Тихомир Топузовски.