Изложби Тековни Следни Минати
EN

Скулптурално

08/10/ 2016

Паралелно со проектот Кале културна тврдина, Музејот на современата уметност со проектот Скулптурално започна со развивањето на уште еден долгорочен проект посветен на скопското брдо Кале. Скулптурално e проект кој опфаќа осум скулпторски и site-specific инсталации во паркот и пошироката околина на Музејот. Како што упатува насловот, изложбата поаѓа од скулпторскиот медиум и истражувањето на неговите можности во интеракцијата и во обликувањето на отворениот јавен простор.

Проектот е во извесна смисла потсетување на успешните и популарни Интервенции во простор кои во неколку наврати беа организирани во МСУ во средината на 1980-те години под водство на Симон Шемов и Кочо Фидановски.

Целта на Скулптурално е да го иницира користењето и во иднина како редовна манифестација или во вид на поединечни проекти музејскиот парк и поширокиот простор на слободните зелени пространства на брдото Кале за ефемерни скулпторски, архитектонски или мултимедијални проекти кои ќе го осмислуваат и популаризираат овој извонреден простор во строгиот центар на градот.


Во проектот се застапени делата на Петар Хаџи Бошков; Симон Шемов; Јован Шумковски; Нада Прља, арх. Даниел Серафимовски; арх. Дејан Ивановски; Игор Тошевски и парот ОПА (Денис Сарагиновски и Слободанка Стевчевска).

Куратор: Зоран Петровски

Нада Прља, Соништа во розе или љубовта што ме убива, 2016 / Nada Prlja, Pink Dreams or the Love That's Killing Me, 2016

Игор Тошевски, Порта, 2016 / Igor Toshevski, Gate, 2016

Јован Шумквски, R : 200, последно, 2016 / Jovan Shumkovski, R : 200, Final, 2016

ОПА (Слободанка Стевчевска и Денис Сарагиновски), КонтраКонтраСветилник, 2016 / OPA (Slobodanka Stevchevska and Denis Saraginovski), CounterCounterLighthouse, 2016

Симон Шемов, Траги - Големата мајка, Перун, 2016 / Simon Shemov, Traces-The Big Mother Perun, 2016

Дејан Ивановски, Место за човек, 2016 (Драгана Заревска, музички перформанс со укулеле) / Dejan Ivanovski, A Place for a Man, 2016 (Dragana Zarevska, musical performance with Ukulele)

Петар Хаџи Бошков, Јазол 1, Од циклусот Мир-Немир, 1996/1998 / Petar Hadzi Boshkov, Knot from the cycle Peace-Restlesness, 1996/1998, aluminum

Даниел Серафимовски, Помеѓу две страни (дивоградба), 2016 / Daniel Serafimovski, Between Two Sides (Illegal Construction), 2016

Даниел Серафимовски, Кале со МСУ Скопје, цртеж-скица / Daniel Serafimovski, The Kale Hill with the MoCA Skopje, sketch drawing

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Откривања: Дела од шпанската колекција

14/10/2024 - 03/11/2024

Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски

26/09/2024 - 17/11/2024

СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација

5/09/2024 - 5/11/2024

НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко

5/09/2024 - 5/11/2024