Дејвид Хокни е светски познат англиски уметник кој подеднакво успешно создава дела во медиумот на сликарството, цртежот, графиката, сценографијата и фотографијата. Студирал на Уметничкиот колеџ во Брадфорд (Bradford College of Art) и на Кралскиот уметнички колеџ (Royal College of Art) во Лондон. На почетокот на шеесеттите години во своите дела ги комбинира апстрактниот и фигуративниот израз, вклучувајќи и текстуални пораки и претстави превземни од популарната култура, што придонесува критиката често да го смета, заедно со Питер Блејк, Ричард Хамилтон и Р.Б. Китај, за еден од главните претставници и претходници на појавата на поп-артот. Но неговата уметност е сепак изразито индивидуална и ги надминува овие категоризации. Мајсторската леснотија и врвниот рафинман со кои ги слика неговите живописни и весели пејзажи, а особено неговите бројни портрети што се засновани на белешките од неговиот живот, личните односи во хомосексуалните врски, патувањата и литературните интереси. Покрај сликарството, Хокни како изразито талентиран цртач, својот израз го наоѓа и во графиката во која има создадено повеќе големи тематски серии. Користењето со фотографијата во неговите инвентивни пејзажни фото-колажи, е исто така детерминирано од неговата склоност кон цртежот и настојувањето овој механички медиум да го третира како сликарска техника.
Во рамките на збратимените градови Скопје и Брадфорд по основањето на Музејот на современата уметност, во 1964 год. е организирана групна изложба Ликовни уметници од Братфорд, селекција од 21 автор меѓу кои и младиот Дејвид Хокни, која се вбројува меѓу привите групни изложби на уметникот. Поврзаноста на Хокни и МСУ, продолжува со донацијата на
две дела лично од авторот за колекцијата на Mузејот во 1967 год.:
Презентирани се на изложбите:
-Подарени дела 26.07.1967-26.07.1968, МСУ- Скопје
-Избор на подарени дела од колекцијата на МСУ-Скопје, 1969
-Подарени дела 1967-1970 МСУ- Скопје
-Постојана поставка на МСУ – Скопје, 1970
-Меѓународна изложба на цртеж од дарителите на МСУ, МСУ, Скопје 1973
– Современ британски цртеж, МСУ, Скопје, 1982
-Од Пикасо до Калдер, 1985-1986, Сараево, Загреб, Белград и Приштина
-Поп Арт,избор од колекцијата на МСУ-Скопје, 2003
-Британска колекција во Музејот на современата уметност-Скопје, 2005
-Постојана поставка на МСУ-Скопје, 2014
14. Биенале на млади уметници | БУДЕЊЕ
06/04/ 2023 - 26/05/ 2023
Пејзаж на вознемиреност
09/03/2023 - 06/04/2023
Петар Лубарда: Дела во збирките на МСУ Скопје
01/03/ 2023 - 31/03/ 2023
Дритон Селмани: Лаењето на облаците не ги вознемирува кучињата
04/11/ 2022-25/02/ 2023