07/07/ 2016 - 10/09/ 2016
Ретроспективната изложба на Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски Бонач (брачен и уметнички пар) го следи, открива и вреднува нивното уметничко творештво во последните три децении, период во кој се вложија во создавањето на дела што имаа за цел да ги приближат формалните и концептуалните манифестации на уметничкото дело. Надоврзувајќи се на некои од идеите карактеристични за минимализмот и концептуалната уметност, како процесуалноста, репетитивноста, серијалноста, тие од себе настојуваа да дадат свои автономни обележја на овие уметнички процеси. Следќи ги сопствените проблемски интереси, без да ја потенцираат диференцијацијата помеѓу нивните артистички и секојдневни визуелни искуства (посебно во природната и урбаната околина), Грабулоски и Блажеска го прошируваа постепено својот духовен хоризонт кон концептуалните стимуланси. Во своите почетоци Блажеска и Грабулоски не заборавија на искуствата на историјата и традицијата на пластичните уметности, но истовремено продолжија своите размислувања да ги насочуваат кон перманентно експериментирање со материјалите, медиумите и феномените на визуелната и сетилната перцепција.
Кустос: Марика Бочварова Плавевска
Дритон Селмани: Лаењето на облаците не ги вознемирува кучињата
04/11/ 2022-25/02/ 2023
Современи екосистеми: истражување помеѓу уметност и екологија во Северна Македонија
08/10/ 2022 - 26/10/ 2022
Сè што ни е заедничко / Sa so si amenge jekhethane
08/11/ 2022 - 23/02/ 2023
Јана Јакимовска: Ретро-телесни ретроспективи
23/09/ 2022 - 05/10/ 2022