Изложби Тековни Следни Минати
EN

Нада Прља: Адан во градот на огнот

27/12/ 2019 - 21/02/ 2020

Под влијание на глобалната криза, Нада Прља на изложбата „АдаН во градот на огнот“ поставува редица прашања што рефлектираат на глобалната криза во светот денес од кој се наѕираат и бројни дилеми што навестуваат дека неговиот можен крај не е само имагинарен. Една од тие се поизразени дилеми се однесува и на тоа што значи да се биде уметник денес?

Поточно, едно од основните прашања е како и што да се создава кога сите ресурси забрзано се исцрпуваат и кога на производството на нови добра и нови вредности се гледа како на исклучок? Дали и како овие состојби влијаат на работата на уметниците и дали и како тоа може да го промени начинот на кој ние ја вреднуваме културната продукција. Ова може да се прошири и на размислувањето дали оваа криза ќе влијае и на тоа како го вреднуваме нашето постоење како човечки суштества.

Изложбата „Адан во градот на огнот“ е обид да се постават и промислат овие прашања и обид да се побараат нови креативни методи соодветни на светот во кој живееме. Со цел да ги испита овие можни нови методи, Нада Прља создава свој алтер его – Адан, лик од стрип, кој во серија стрип новели истражува како и што значи да се создава уметничко дело во денешно време.  Адан нуди три модели на создавање: со позајмување на уметнички дела да се рефлектира на историјата на субверзивен начин ; со повторна употреба или рециклирање на материјалите и идеите од позајмените дела, па дури и од сопствените дела; и конечно со демистификација или “де-уметнификација“ на уметничкото дело и негово отворање за друга употреба. Три стрип новели во кои се артикулираат овие постулати, ќе бидат отпечатени и дистрибуирани во текот на траењето на изложбата. Првата новела (Пилот), во која се појавува ликот Адан, ќе биде претставена на отворањето на изложбата.

Како резиме на овие идеи и обиди за модификување на начините на работење и на гледање на културата, Прља не води во 3030 година со цел на гледачот да му понуди малку поизострена визура на нашата денешна цивилизација, која според приказната на Адан исчезнала на 20. 02. 2020 година. Според приказната, една нова цивилизација во 3030 година ја открива тајната на Адан во нејзиното создавање, пресоздавање и рециклирање на уметнички дела од Адан во очи на денот на пропаста на цивилизацијата.

Изложбата вклучува и дела на Нада Прља создадени во период помеѓу 2007 и 2019.

 

Нада Прља: работи како професионален уметник од 1998 година и како универзитетски предавач од 2005 година. Магистрирала во Лондон на Кралскиот уметнички колеџ, по дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Нада Прља ја претставуваше Република Северна Македонија на 58. Биенале во Венеција во 2019 г., а учествувала и на 5. Биенале во Москва; 7. берлинско Биенале; Манифеста 8, во Мурсија, Шпанија; 4. Биенале „Крај на Светот“ во Буенос Аирес и во Сантијаго де Чиле; 28. Интернационалното графичко биенале во Љубљана.

Самостојно Прља излагала на голем број изложби во најугледните институции и галерии во Европа, САД, Јапонија и Македонија.

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата / Installation view

Даниел Серафимовски, Паст перфект, 2016/2019, (две фотографии), 42х55см.; Со љубезна дозвола на уметникот; Фотографија: © Andrijana Tilik / Daniel Serafimovski, Past Perfect, 2016-2019, (two photos 42х55cm) Photography with courtesy: © Andrijana Tilik

Скулптура, 2019 (во состав на инсталацијата: Јордан Грабулоски, Скулптура, 1966, камен, 30х40х15 сопств. на МСУ Скопје), метални профили, бетон, камен, лиени фрагменти, метална прашина, ready made објекти, 280x280x280 см.; Фотографија © Ana Maljanovska / Sculpture, 2019 (integrated within the installation: "Sculpture", Jordan Grabuloski, 1966, stone, 30х40х15cm., from the collection of the Museum of Contemporary Art, Skopje; Photography, with courtesy of: © Ana Maljanovska

АдаН, Повик за позајмици, повторна употреба и де-уметникување, Пилот графичка новела, 2019, 34 цртежи со туш на хартија, 20x30см. секој / ‘AdaN, a Call to Borrow, Reuse and to DeArtify’, Pilot graphic novel, 2019, Ink paintings on paper, 34 paintings, 20x30cm each.

АдаН, Повик за позајмици, повторна употреба и де-уметникување, Пилот графичка новела, 2019, 34 цртежи со туш на хартија, 20x30см. секој / ‘AdaN, a Call to Borrow, Reuse and to DeArtify’, Pilot graphic novel, 2019, Ink paintings on paper, 34 paintings, 20x30cm each.

АдаН, Повик за позајмици, повторна употреба и де-уметникување, Пилот графичка новела, 2019, 34 цртежи со туш на хартија, 20x30см. секој / ‘AdaN, a Call to Borrow, Reuse and to DeArtify’, Pilot graphic novel, 2019, Ink paintings on paper, 34 paintings, 20x30cm each.

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Современи екосистеми: истражување помеѓу уметност и екологија во Северна Македонија

08/10/ 2022 - 26/10/ 2022

Јана Јакимовска: Ретро-телесни ретроспективи

23/09/ 2022 - 05/10/ 2022

Пркосни слики

16/09/ 2022 - 27/09/ 2022

Симон Узуновски: Пат за Волкодери - Ретроспектива

13/09/ 2022 - 25/10/ 2022