Изложби Тековни Следни Минати
EN

Дритон Селмани: Лаењето на облаците не ги вознемирува кучињата

04/11/ 2022-25/02/ 2023

 

Селмани  е еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници, а наградата подразбира реализација на самостоен проект во Музејот на современата уметност – Скопје. Пред него годинава самостојно изложуваа другите двајца наградени автори Наташа Неделкова и Дарко Алексовски.

Презентирајќи разновидност и сајт-специфична интервенција во просторот на МСУ-Скопје, изложбата на текстуални дела, објекти и видео се обидува да воспостави нови релации во дадениот контекст, јасно покажувајќи ги начините на кои Селмани духовито користи специфична форма на хумор за да го истражи и преиспита секојдневието, коешто обично се врзува за апсурдни традиции и хиерархиски структури.

Широкиот опфат на дела на Селмани кои се фокусираат на различни прашања од нашата несигурна современост, почнувајќи од популарната култура, до доминантните дискурси на моќта кои ги обликуваат нашите животи, ги преиспитуваат и историските наративи, стереотипите, чувството на припадност и исклученост.

Делата на Дритон Селмани секогаш се конструирани како имагинарен дијалог, со публиката, но и со самиот себе, како серија на кратки изјави или реторички прашања, отворајќи нови перспективи за нашето разбирање на себството, за заедничкото и за различните аспекти на современиот живот.

Самиот наслов на изложбата јасно покажува како Селмани користи неочекувани сопоставувања и иронија – извртување на берберска изрека, со референца на стих од едно од неговите омилени поетски дела, „Туѓинецот“ (L’Etranger) од Шарл Бодлер. Всушност, тој со интенција ги бара и ги наоѓа точките каде што јазикот се прекршува, каде што отвора јаз, пукнатина меѓу нештата, зборовите и новоконструираната слика, трансформирајќи го познатото во зачудна уникатна ситуација, а потоа повторно се враќа од фикциското кон разбирање на секојдневието.

Интервенирајќи во областа на јазикот, од старата народна мудрост до поезијата и детските песни, практиката на Селмани ги допира стравовите, неволјите и грижите што ги изразуваат обичните луѓе. Тој има за цел да ги деконструира длабоките структури и интернализираните културни конструкции со цел да ги разбереме, со што ни нуди уникатна можност да застанеме заедно и да се соочиме со моќните визуелни дела со маестрална едноставност. Бидувајќи во оваа состојба на чудното каде што се вкрстуваат поетското и политичкото, тој во никој случај не е туѓинец. Напротив, токму тука го наоѓа својот дом.

Куратори на поставката се: Владимир Јанчевски, Ива Димовски и Благоја Варошанец.

 

Дритон Селмани (Урошевац, Косово / 1987) во моментов работи и живее во Приштина и Догановиќ. Магистерските студии ги завршува на Универзитетот за уметност во Бурнемут, Велика Британија. Селмани пристапува кон идејата за перципирана реалност со деконструирање на формации на социјалните, политичките и културните теми што биле отелотворени околу него. Додека бил млад, му велеле да обожува земја која повеќе не постои, што го натерало да заземе еден основен став на скептицизам кон секоја наводно дадена реалност. Подоцна, го користи ова како корисна алатка за реконструкција на неговите верувања во визуелни артефакти. Во 1999 година, старите симулакри се заменуваат со нови; украсите на претходниот простор се обновени и се расплетуваат со нови значења, но и нови неизвесности. Селмани се конфронтира себеси како спектатор на овој „тековен настан“ и се позиционира како актер, изведувајќи ги своите перформанси засновани врз неговите лични истории, верувања и сомнежи. Изложувал на самостојни и групни изложби (во Стационарниот центар за современа уметност Приштина, Музејот „Лудвиг“ во Будимпешта, „Кунстраум Нидеростерајх“ Виена, „Каса Контемпоранеа“ Сао Паоло, Медитеранско Биенале 16 Анкона, У10 Белград, 5-то Биенале во Маракеш, Фестивалот на светлината во Амстердам, „Фабрика дел Вапоре“ Милано, Биеналето во Брегенц, „Ексчиесета“ Полињано-а-Маре, Национална уметничка галерија Тирана, Центар за современа уметност Солун, Еугстер || Белград, Фестивалот на светлината во Норкепинг, Кунстмузеум Базел, како и на 14. Манифеста во Приштина, 2022).

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија и ќе биде отворена до 25 февруари 2023 година.

Дритон Селмани, Велат дека во една рака не можеш да држиш две лубеници, 2012, фото: Блерим Рачај // Driton Selamani, They Say You Can't Hold Two Watermelons in One Hand, 2012, photo Blerim Racaj

Изглед од изложбата // Exhibition view // photography: Denis Saraginovski

Временска прогноза, 2022 училишна табла, бела акрилна боја, дрвени панели, 350х250см // Weather Forecast, 2022, blackboard, white acrylic paint, timber panels, 350×250cm // photography: Denis Saraginovski

Лаењето на облаците не ги повредува кучињата, 2022 заварено железо, скршено стакло, 840х60см // The Barking of the Clouds Does Not Hurt the Dogs, 2022 welded steel, broken glass, 840x60cm // photography: Denis Saraginovski

LANDLOCKED DEEP DESIRES, 2019, LED плексиглас, букви исечени со CNC, 1700х100см // LANDLOCKED DEEP DESIRES, 2019, LED Plexiglass, CNC cut letters, 1700х100cm // photography: Denis Saraginovski

LANDLOCKED DEEP DESIRES, 2019, LED плексиглас, букви исечени со CNC, 1700х100см // LANDLOCKED DEEP DESIRES, 2019, LED Plexiglass, CNC cut letters, 1700х100cm

Нашето минато е наша заедничка иднина, 2019 (Љубовни писма); фото: Рилинд Беќа // Our Past is Our Common Future, 2019 (Love Letters); Photo: Rilind Beqa /

Љубовни писма, 2018-во тек aкрилик на HDPE пластични ќеси, врамени // Love Letters, 2018-ongoing, acrylic on high-density polyethylene (HDPE) plastic bag, framed // photography: Denis Saraginovski

Зловестна рака, 2022 масло на платно, 100х70см // Sinister Hand, 2022, oil painting on canvas 100x70cm // photography: Denis Saraginovski

Лево: Doppelschlag (Двоен удар), 2022, фотографија, 8х11см / Десно: Затишје пред бура, 2022, винил на алуминиумски сообраќаен знак, 250х200см // On the left: Doppelschlag, 2022, photography, 8х11cm / On the right: Calm Before The Storm, 2022, vinyl on aluminium trafic sign, 250х200cm // photography: Denis Saraginovski

Doppelschlag (Двоен удар), 2022, фотографија, 8х11см // Doppelschlag, 2022, photography, 8х11cm // photography: Denis Saraginovski

Без наслов, 2018, рачно изработен нож, гума за бришење, 21х5х6см // Untitled, 2018, handmade knife, rubber eraser, 21х5х6cm // photography: Denis Saraginovski

Надежи и стравови, 2021 палто изработено по мерка, метален сталак, 200x150см // Hopes & Fears, 2021, tailor-made coat, metal rack, 200x150cm // photography: Denis Saraginovski

Надежи и стравови, 2021 палто изработено по мерка, метален сталак, 200x150см // Hopes & Fears, 2021 tailor-made coat, metal rack 200x150cm

Селмани на отворањето ја воведува публиката во делата и изложбената поставка // Selmani at the opening, introducing the visitors to the works and the exhibition

Селмани на отворањето ја воведува публиката во делата и изложбената поставка // Selmani at the opening, introducing the visitors to the works and the exhibition

Артан Садику, кустос за дискурзивните програма во МСУ Скопје // Artan Sadiku, curator of the discursive programs at the MoCA Skopje

Дритон Селмани на отворањето на изложбата со кураторите Благоја Варошанец, Владимир Јанчевски и Ива Петрова Driton Selmani at the opening with the curators Blagoja Varoshanec, Vladimir Janchevski and Iva Petrova

Изглед од изложата // Exhibition view

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Откривања: Дела од шпанската колекција

14/10/2024 - 03/11/2024

Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски

26/09/2024 - 17/11/2024

СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација

5/09/2024 - 5/11/2024

НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко

5/09/2024 - 5/11/2024