08/10/ 2016
Паралелно со проектот Кале културна тврдина, Музејот на современата уметност со проектот Скулптурално започна со развивањето на уште еден долгорочен проект посветен на скопското брдо Кале. Скулптурално e проект кој опфаќа осум скулпторски и site-specific инсталации во паркот и пошироката околина на Музејот. Како што упатува насловот, изложбата поаѓа од скулпторскиот медиум и истражувањето на неговите можности во интеракцијата и во обликувањето на отворениот јавен простор.
Проектот е во извесна смисла потсетување на успешните и популарни Интервенции во простор кои во неколку наврати беа организирани во МСУ во средината на 1980-те години под водство на Симон Шемов и Кочо Фидановски.
Целта на Скулптурално е да го иницира користењето и во иднина како редовна манифестација или во вид на поединечни проекти музејскиот парк и поширокиот простор на слободните зелени пространства на брдото Кале за ефемерни скулпторски, архитектонски или мултимедијални проекти кои ќе го осмислуваат и популаризираат овој извонреден простор во строгиот центар на градот.
Во проектот се застапени делата на Петар Хаџи Бошков; Симон Шемов; Јован Шумковски; Нада Прља, арх. Даниел Серафимовски; арх. Дејан Ивановски; Игор Тошевски и парот ОПА (Денис Сарагиновски и Слободанка Стевчевска).
Куратор: Зоран Петровски
Откривања: Дела од шпанската колекција
14/10/2024 - 03/11/2024
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски
26/09/2024 - 17/11/2024
СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација
5/09/2024 - 5/11/2024
НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко
5/09/2024 - 5/11/2024