Контакт
EN

Наем на простор

 

 

Музејот на современата уметност нуди можност за користење на просториите со кои располага, за надворешни настани кои не се дел од редовната музејска програма, преку нивен наем со финансиски надомест. За да добиете информации за условите и чинењето потребно е да испратите формално барање со следните податоцина на: info@msu.mk

 

1. Информации за барателот: институција, организација, здружение, компанија, физичко лице, итн како и податоци за одговорното лице со телефонски и електронски податоци за контакт;

2. Детални информации за содржината на настанот: предвиден простор за одржување, времетраење од-до, содржински и организациски концепт, број на предвидена публика, технички детали, итн.

 

По поднесување на Вашето барање ќе Ви биде доставен одговор по писмен пат во времетраење од 7 (седум) работни дена. Напоменуваме дека приоритет на Музејот на современата уметност е реализација на својата годишна програма и нагласуваме дека за времетраење на програмските активности, не се издаваат изложбените простории.  

 


 

ИЗВОЗ НА ДЕЛА

Музејот на современата уметност е овластена институција за издавање на стручно мислење за дозвола од страна на Министерството за култура за извоз на уметнички дела во странство. Стручното „Mислење за изнесување на уметнички дела во странство“ се издава врз основа на пополнет формулар во дигитална или печатена форма со следните податоци: – Список со име на уметникот или уметниците, наслов на секое уметничкото дело, техника на изведба (акрил, масло на платно, графика, принт, цртеж, скулптура и др.), димензии и година на создавање на уметничкото дело; – Фотографија од секое дело во дигитална или печатена форма Потребните информации да се испратат на електронската пошта на Музејот info@msu.mk или да се достават лично во просториите на МСУ секој работен ден од 10-14часот.

ФОРМУЛАР за извоз на ум. предмети (превземи)  

 


 

ГОДИШНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

 

2021

Завршна сметка 2021 / Завршна сметка 2021 (1) / Завршна сметка 2021 (2) / Завршна сметка 2021 (3) / Завршна сметка 2021 (4)

 

2022

603 Завршна сметка 2022787 Завршна сметка 2022  / 70537 Завршна сметка 2022 / 78560 Завршна сметка 2022  / 78575 Завршна сметка 202278580 Завршна сметка 202278594 Завршна сметка 2022

 
 

 
Годишен план за спречување на корупција
 
 
ЈАВНИ НАБАВКИ:
 

Упатство за спроведување на јавни набавки во НУ МСУ Скопје

 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ:

Јован Грданоски, на работно место Раководител на Сектор за административни, општи и правни работи, се определува за офицер за заштита на личните податоци во НУ МСУ Скопје.

 

ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ:

Јавна информација: како службено лице, кое се грижи за заштитата на укажувачите во НУ МСУ Скопје, именуван е Јован Грданоски, Раководител на Сектор за административно општи и правни работи.

 

Контакт: 070 588 939 /  jovangrdanoski@yahoo.com / info@msu.mk

 


 

КОНКУРСИ И ОГЛАСИ

 

 

Јавен оглас бр. 01/2023

 

I. НУ Музеј на современата уметност Скопје, има потреба од вработување на 1 (едно) лице, давател на услуги, на неопределено време, за следното работно место:

1. Шифра КУЛ 03 04 Д03 002, Кустос – 1 (еден) извршител

 

II. Посебни услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

1. Кандидатите за работното место – Кустос, со шифра КУЛ 03 04 Д03 002, треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

–        стекнати најмалку 240 кредити, стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на културата – од областа на Историјата на уметноста;

–        работно искуство: најмалку една година работно искуство во струката;

–        познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

–        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

–        искуство во организрање на изложби.

Паричен износ за основна месечна бруто плата за работното место под реден број 1:

– 65.132,00 денари (со коефициент 1.991)

 

Напомена:

Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2023 година и Е – Балансерот, во прилог на овој План, вработувањето е предвидено  со македонска националност.

 

Превземи ги Огласот и Пријавата во ПДФ:

МСУ-Скопје објавува Оглас за вработување-29.12.23;

Пријава по оглас за вработување