Изложби Тековни Следни Минати
EN

Ирена Пејовиќ: Ти си мобилна архитектура

10/07/ 2018 - 09/09 2018

Ирена Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и креативен, свет како збир на релациони односи, на начин на кој тие го немаат доживеано претходно. Во нејзините дела, публиката се движи со сензори, користејќи вид, звук, навигација, чувство на текстура, боја, големина. Делата, просторот и гледачот земаат рамноправен дел во изработката на настаните.

Проектот “Ти си мобилна архитектура“ е мултисензорен настан кој кореографира движења преку комбинирање облека, модуларни форми, фотографски објект и звук како место, материјалноста како настан, техниките на организација во природата и на луѓето.

 

Ирена Пејовиќ е родена 1981 година во Гевгелија. Дипломирала и магистрирала на Државниот универзитет „Монтклер“ во Њу Џерси, кадешто живее и работи.

Самостојно Пејовиќ излагала во Галеријата „Ненси Дрифос“ на Универзитетот „Кин“ во Њу Џерси; Галеријата „Карас“, Загреб; Галеријата „Аферо“, Нуварк, Њу Џерси; Галеријата МЦ во Њујорк.  Пејовиќ беше дел од перформансот SWIM на американскиот уметник Роберт Витман, презентиран во Театарот „Александар Касер“ во Монтклер во 2015. и Галеријата „Фридман“ во Њујорк во соработка со Фондацијата „Диа“ и Џули Мартин, директор на „Екперименти во уметноста и технологијата“ во 2016. Има учествувано на повеќе групни изложби, меѓу кои изложбата Портрети во Буенос Аирес, Аргентина (2017); Transart Triennale, Манила, Филипини и Берлин, Германија, Filmideo, Индекс арт центар, Музеј Нуварк, Њу Џерси (2016); Forms of Repetition, Гласхаус Артлајфлаб, Њујорк; dirt-e, Central Booking, Њујорк, Куратор: Бен Дејвис (2015); Stars in my pocket like grains of sand, Lower East Side Printshop, Њујорк (2014). Нејзините дела се дел од колекцијата за современа графика во Музејот за уметности и занаети во Загреб, Хрватска. Пејовиќ е добитник на Државната награда за индивидуални уметници за 2018 год. од Советот за уметности на Њу Џерси; Step Beyond Travel Grant од Европската културна фондација (2013); и Наградата од Обединетата македонска дијаспора: Џон Битов Македонско културно наследство (2014). Како вонреден професор Пејовиќ држи предавања на Државниот универзитет „Монтклер“ и на Универзитетот „Кин“.

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Откривања: Дела од шпанската колекција

14/10/2024 - 03/11/2024

Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски

26/09/2024 - 17/11/2024

СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација

5/09/2024 - 5/11/2024

НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко

5/09/2024 - 5/11/2024