Изложби Тековни Следни Минати
EN

Ранко Дакиќ – Егзил

24/09/ 2019 - 14/10/ 2019

 

Творештвото на Ранко Дакиќ (1958, Скопје) не цели да ни открие зачудувачки новости во сликарството или скулптурата. Впрочем, тоа денес тешко да може да го направи кое и да е’ творештво. Но може, на пример, да ни го отвори неговиот внатрешен свет, а може и неочекувано да ни помести некои граници во македонската ликовна уметност. Уметноста на Дакиќ не е поводлива и не е подведлива, таа не сака да биде национална, па ни интернационална. Таа цели да биде анационална односно сака да биде само – уметност. Во извесна смисла таа е егзистенцијална. Но не егзистенцијалистичка во философската смисла на зборот, туку како некаков личен творечки одговор на егзистенцијалните дилеми, на разбирањата на уметноста, на истражувањата на личните перцепции на визуелното ама и на личните страсти, ст(р)авови, победи и порази …Уметноста на Дакиќ не признава стил и/или развој. Се’ што уметникот ќе создаде е негов „стил“ и негов „развој“, неговата уметност е тој – лично и персонално – и тој е неговата уметност. Целосно и неотповикливо.

Изложбата ќе презентира педесетина негови дела (цртежи, слики и скулптури) работени во последниве триесетина години односно по неговото напуштање на Македонија во 1987 година.

Гост кустос: Златко Теодосиевски

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Петар Лубарда: Дела во збирките на МСУ Скопје

01/03/ 2023 - 31/03/ 2023

Пејзаж на вознемиреност

09/03/2023 - 06/04/2023

14. Биенале на млади уметници | БУДЕЊЕ

06/04/ 2023 - 26/05/ 2023

Дритон Селмани: Лаењето на облаците не ги вознемирува кучињата

04/11/ 2022-25/02/ 2023