5/09/2024 - 5/11/2024
Наџа Крачуновиќ (родена 1996 година) е уметница со српско потекло која живее и работи во Германија.
Нејзината интердисциплинарна уметничка практика ги вкрстува перформанот, визуелните уметности и театарот, фокусирајќи се на личното искуство на преживување. Ќерка на самохрана мајка од Балканот, таа истражува како родот, сексуалноста, статусот на државјанство, (не)попреченоста, семејните односи и социјалните норми се вградени во културната реалност на жената. Оживувајќи ги сцените на јавните простори, Наџа или им вхдахнува живот на женските ликови или ги поканува вистинските протагонисти во нејзините наративи преку перформативно истражување. Во нејзината работа, таа користи глас, документација, хумор и поезија, црпејќи ги материјалите од нејзините дневници, народните приказни, семејната историја и интимните средби.
Покрај нејзината изложбена практика, Наџа е професионален говорник и застапник за самоуправните заедници. Ко-основач е на проектот „Училница за плачење“ (https://cryingclassroom.net/ ) и на радио станицата што не престанува да работи „Фјучр Носталгија ФМ“ (https://www.futurenostalgia.digital/ ). Освен тоа, спроведува иработилници за глас и изведба со наслов „Како да изведеш крик?“ од 2023 година.
Откривања: Дела од шпанската колекција
14/10/2024 - 03/11/2024
СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација
5/09/2024 - 5/11/2024
НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко
5/09/2024 - 5/11/2024
Албан Муја - Линијата што избледнува: Приказни за работ на легалноста
07/06/2024 – 28/08/2024