Изложби Тековни Следни Минати
EN

Голем формат 2

10/05/ 2021 - 08/06/ 2021

Како го перцепираме форматот во уметноста? Огромен пластичен сладолед, огромни кучиња со балони, долги ролни од насликани платна или едноставно зголемени фото-портрети насликани на згради низ целиот свет се некои од примерите каде димензијата во изразот е доминантен елемент во естетиката на уметничките дела. Форматот се однесува на големината на објектот во однос на друг, и е еден од принципите на организација на структурните елементи во уметноста.

Изложбата Голем формат е изложба на дела од колекцијата, од македонски и странски автори и е насочена кон внатрешното архитектонско решение, што ја нарушува првобитната релација со просторот .

Kонкретно изложбата Голем формат  ги допира просторните решенија на главната сала и се концентрира врз просторот што одамна е посветен на модерните концепти врзани за скулптуралните решенија. Комбинирањето на реализацијата на пластичниот елемент со ѕидните претстави со сликарски карактеристики и амбиентални визури, ја прилагодуваат глетката на сè она што е предизвик на конечните визуелно осмислени констелации. Веродостојноста на големите формати ја имаа својата карактеристика на враќање кон особеностите на понудениот изложбен простор. Тој секогаш беше дел од атрактивните поставки на кои инсистираме и во сегашниот миг.

Форматот во уметноста не се однесува само на големината на уметничкото дело, туку е релационен принцип кој обично се дефинира преку односот на предметот кон човечкото тело или друг предмет. Релациската естетика стои во основата на секое уметничко дело, а човечкото тело е честопати корективната против која може да се дискутира за големината на секое дело. Бидејќи луѓето се ставаат во центарот на видливиот свет, како господар на животната средина, уметничките дела се мерат во однос на пропорцијата во однос на генерализираната човечка димензија. Тие станаа дефинирани како големи, во природна големина, минијатурни, па дури и огромни. Форматот во уметноста е нешто што вообичаено се испитува и често е важен фактор за дефинирање на значењето на секое дело, особено во современата уметност.

Димензионирањето во уметноста ја доведува во прашање улогата на гледачот и можеби повеќе од другите елементи го насочува вниманието кон односот помеѓу делото и локацијата или местото. Тоа е еден од клучните аспекти на уметноста што влијае на приемот на секое дело како вистинско уметничко дело.

Кустоси: Благоја Варошанец и Марика Бочварова Плавевска

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Албан Муја - Линијата што избледнува: Приказни за работ на легалноста

07/06/2024 – 28/08/2024

Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил

28/05/2024 - 02/09/2024

Аквизиции – Донации 2022-2023

18/05/2024 - 25/08/2024

Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје

21/03/2024 – 29/09/2024