04/09/2020 - 23/09/ 2020
Изложбата „Во длабоко и танцувајте“ на уметницата Весна Стефановска содржи дела на авторката од 1998 година до денес, меѓу кои инсталации во простор, видео инсталации, перформанси и „ready-made“ содржини групирани, артикулирани во циклусите „Отсуство“, „Возови рефлексии“, „Дојдете да видите како пoминува времето“, „Ничија“ и „Часовник“. Воедно, на изложбата премиерно се реализираше и перформансот/ инсталацијата „В кревет“, нејзино истражување на нашиот однос кон потсвеста и интимноста.
Весна Стефановска е родена во Скопје (1973), но денес живее и работи во Париз. По завршување на студиите на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, заминува во Прага, каде завршува постдипломски студии на Академијата за уметност, архитектура и дизајн. Имала самостојни изложби во Северна Македонија и Франција и била учесник на голем број групни изложби.
Изложбата е реализирана во соработка со Музејот на современата уметност-Скопје и поддржана од Град Скопје, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Францускиот Институт во Скопје.
14. Биенале на млади уметници | БУДЕЊЕ
06/04/ 2023 - 26/05/ 2023
Пејзаж на вознемиреност
09/03/2023 - 06/04/2023
Петар Лубарда: Дела во збирките на МСУ Скопје
01/03/ 2023 - 31/03/ 2023
Дритон Селмани: Лаењето на облаците не ги вознемирува кучињата
04/11/ 2022-25/02/ 2023