Настани СИНИША ИЛИЌ СЕ ПРЕТСТАВУВА
EN

СИНИША ИЛИЌ СЕ ПРЕТСТАВУВА

26/11/ 2022,

Во сабота, на 26 ноември во 13 часот, со физичко присуство, во Музејот на современа уметност, презентација ќе одржи визуелниот уметник од Србија, Синиша Илиќ.

На оваа средба со публиката, уметникот ќе го презентира своето творештво и ќе одржи интерактивен разговор со присутните.

Влезот е бесплатен.

Разговорот со уметникот ќе го води Тихомир Топузовски.

Синиша Илиќ е визуелен уметник од Србија, кој во неговата работа вклучува цртежи, слики, инсталации, перформанси и видеа. Уметничката пракса на Илиќ тематски ги адресира општествените феномени и механизми, истражувајќи ги формите на оштествениот труд, насилството, социјалните немири, тензии како и состојбите на неизвесност. Илиќ е ко-основач на платформата за уметност и теорија од Белград, ТКХ (Теорија која хода 2000-2017).

Неговите дела се прикажувани во значајни институции и центри како МСУ, Загреб; Kunstraum, Innsbruck; MAXXI Museum, Rome; Биеналето во Риека, Октомврискиот салон во Белград, Georges Pompidou Center, Kadist Art Foundation, Paris; Tate Modern, Calvert 22, London, МСУ, Љубљана; ЦЗКД, Белград; Welt Museum, WUK and Open Space, Vienna; DEPO, Istanbul; Arsenal Gallery, Bialystok; Tennis Palace Museum, Helsinki.

Синиша Илиќ е еден од 8те меѓународно познати уметници, кои се вклучени во претстојната изложба на МСУ – Скопје во престижниот простор Кунстхале во Виена (кој е дел од Музеум Квартиер), каде во почетокот на следната година ќе биде претставена за првпат селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Концептот предвидува 8 меѓународни уметници да направат своја селекција од колекцијата и да осмислат поставка со која ќе воспостават дијалог помеѓу овие дела и нивната работа. Идејата е да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку уметничката солидарност.

 

МИНАТИ НАСТАНИ

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Школа за пропаганда: АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА

Сабота, 2 март 2024, во 12:00 часот

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00