Настани Предавање на Кен Фридман
EN AL

Предавање на Кен Фридман

13/05/2026, во 19,30 ч.

По повод отворањето на изложбата „92 настани + 1“, Музејот на современата уметност го најавува гостувањето на незјиниот автор, реномираниот американски уметник, Кен Фридман, кој ќе зборува за идеите, делата и настаните кои го обележуваат неговото долгогодишно и историски влијателно присуство на светската уметничка сцена.
 
Делата на изложбата „92 настани + 1“ ги опфаќаат некои од главните идеи и принципи на уметничката практика на Кен Фридман, како и неговиот придонес како припадник на интернационалното движењето Флуксус, составено од бројни уметници, меѓу кои и Јоко Оно, Дик Хигинс, Јозеф Бојс, Нам Џун Пајк, Волф Фостел, Шигеко Кубота, Џорџ Брехт, Бен Вотие, Алан Капроу, Милан Књижак, редица значајни авангардни композитори, како Џон Кејџ, ЛаМонте Јанг, Тери Рајли, како и дизајнери и поети.
 
Изложба и предавање на:
КЕН ФРИДМАН
92 настани + 1
со Ѓоко Муратовски
Музеј на современата уметност – Скопје
13/05 – 10/07 2026
Куратор: Владимир Јанчевски
Продуцент: Љупчо Иљовски
Креативен директор: Ѓоко Муратовски
 

МИНАТИ НАСТАНИ

Филмска програма 2025 - Во создавање: Изведи / Исцрпи

Среда, 10/12/2025, 18:30 – 20:30 ч.

Маратонско предавање на Марко Погачник

02/12/2025 почнувајќи во 18:30 часот

Предавање на Стафан Цихочки и отворање на поглавјето 1.2 на 15 Биенале на млади

28.11.2025

Претставување и разговор со Ибрахим Махама

14/10/2025 at 13.00