Настани Презентација на Центарот за политичка убавина
EN AL

Презентација на Центарот за политичка убавина

16/10/ 2023, 18:30 ч

Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма го претставува радикалниот колектив од Берлин ,,Центар за политичка убавина’’.

Презентација на Габриела Лангхолф. Воведно претставување: Тихомир Топузовски, кустос-уредник на Интердисциплинарната програма на МСУ. 

 

Основан во 2009 година ,,Центарот за политичка убавина’’ покренува серија ангажирани акции во соработка со различни групи на волонтери и партнери низ цела Европа, стремеејќи се кон „морална убавина, политичка поезија и  радикален хуманизам.’’ Нарекувајќи се себеси „агресивни хуманисти“ членовите на овој колектив се спротивставуваат на политичката и моралната апатија креирајќи уметност која треба да повреди, иритира и вознемири.  Презентацијата ќе прикаже различни проекти на ,,Центарот за политичка убавина’’ поврзани со човековите права, мигрантските кризи или одговорноста што произлегува од историјата.

 

МИНАТИ НАСТАНИ

Процеси зад уметничкото дело од Душан Перчинков

01/10/2026 во 12,00

Дискусија со уметничката група Отолит

11/09/2026, во 12,00

Растко Мочник за капитализмот и уметноста

26/06/2026 во 19:00

Предавање на Кен Фридман

13/05/2026, во 19,30 ч.