Настани Кино МСУ
EN

Кино МСУ

07/04/ 2022 - 28/04/ 2022

„Планински филм на ридот“

Кино МСУ ја започнува својата овогодишна програма во соработка со ЕХО – Фестивалот на планински филм.

Програмата „ПЛАНИНСКИ ФИЛМ НА РИДОТ“ се отвора на 07. 04 со почеток од 19.30 часот во Џебното кино на музејот со проекцијата на филмот Невреме над Мон Блан на Арнолд Фанк.  

Проекциите во склоп на Кино МСУ се бесплатни и се одржуваат во согласност со активните препораки против КОВИД – 19  (капацитет на киното до 60 лица).

 

07. 04. 2022 | 19.30 ч.


Невреме над Мон Блан

Германија, 1930, Арнолд Фанк

Ова е филм, во кој се прикажуваат активностите на човек кој работи сам, во метео станицата на Мон Блан, запишувајќи податоци за временските услови. Тој може да контактира со останатиот свет, користејќи Морзеова азбука. Во еден момент, му се придружува девојка, која ќе му помогне во преживувањето на едно силно невреме кое ја зафаќа планината. Сниман на локации во Швајцарија, Германија и Франција, овој филм е познат по фантастичната сценографија.

Филмот претставуа ремек дело на раниот планински филм! 

vimeo.com


14. 04. 2022 | 19.30 ч.

 

Северно од сонцето

Норвешка, Јорн Нисет Ранум/Инге Веге, 2012, 46’

Инге Веге (25) и Јорн Ранум (22), поминуваат девет месеци изложени на Норвешки зимски студ, во изолиран и ненаселен залив на далечен арктички остров во северна Норвешка, соочувајќи се со ништо друго, освен големиот Атлански океан. Таму тие изградиле куќарка од дрва – кои иле исфрлени и донесени на брегот од океанот, јаделе стара храна со изминат рок, која вообиечаено би била фрлена… Но, момците земале со себе, две нешта од непроценлива вредност за нив: нивните даски за сурфање – можеби најголемата мотивација за реализација на оваа арктичка авантура. И сето тоа, затоа што овој далечен залив има една тајна: едни од најдобрите бранови за сурфање…
Филмот преставува едно од најдобрите остварувања во светот на оваа тема, освојувајќи ги речиси сите главни награди по фестивалите ширум светот.

www.youtube.com

Нација на брани

САД, 2014, Бен Најт/Тревис Рамел, 53

Браните порано беа симбол на напредокот и контролата врз природата, а денес тие се наоѓаат во центарот на жешка дебата, водена од тие кои негативно го оценуваат нивното влијание врз екосистемот. Во САД постои растечко движење, кое бара браните изградени во 19-тиот и 20-тиот век да бидат отстранети, за да можат реките да им се вратат на своите оригинални текови. Овој филм е плод на тригодишна работа и го документира спектакуларното отстранување на голем број на брани и состојбите кои се случуваат потоа. Ова е патување низ историјата и пејзажите на САД, каде што природата и слободата се неразделни.

www.youtube.com


21. 04. 2022 | 19.30 ч.

 

Спелеонаут / Под каменото небо

Соња Џекиќ, Србија, 2018, 57’

Во предвечерјето на човековото освојување на Месечината, во летото 1969-та година, 34-годишниот Милутин Вељковиќ, започна со неговиот планиран 15-месечен престој во 2-километарска пештера во Србија. Вељковиќ не беше заинтересиран само во тоа да го надмине рекордот за најдолг престој во пештера до тогаш, туку воопшто – да навлезе во универзумот на длабочината.

Овој неверојатен потфат се открива од надворешниот свет, преку серија портрети од интересни карактери, кои се поврзани со Вељковиќ. И така неочекувано, влегуваме во подземиот свет. Различните раскажани фрагменти од деталниот дневник на Вељковиќ се враќаат во живот: од неговите секојдневни активности, како правење кафе и собирање инсекти, па се’ до драматични моменти како вадење на сопствен заб, размислување за жени, борење со поплави и халуцинации.

Од поврзувањето со предците од праисторијата во дезинтегрирани време и простор, се’ до истражувањето на вселената – Спелеонаут е во потрага по нашата цел.

 

Слобода под товар

Павол Барабш, Словачка, 2016, 58’

Со стотина килограми на своите грбови, тие се соочуваат со невремиња, олуи и длабок снег. Нивната умешност не е само професија, туку и нивен сопствен начин да најдат мир. 

Во овој документарец, ќе имаме можност да се запознаеме со најстарата генерација на носачи во Високите Татри, кои со товар се качуваат по планините и вршат достава на разни потребштини за домовите секој ден. Ќе откриеме зошто го одбрале овој начин на живот и зошто останале „последни Мохиканци“ на европскиот континент.

А можеби ќе откриеме нешто и за својот товар во животот.


28. 04. 2022 | 19.30ч

 

Луѓето – птици: оригиналниот сон за летањето

САД, 2012, Мет Шериден, 43’

Том

Анхел Естебан и Елена Гоатели, 2015, Италија, 67

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм

Четврток, 18/07/2024, 21:00

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Јасмина Цибиц: презентација

Петок, 28/06/2024, 20:00

МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство

Четвртoк, 13/06/2024, 21:00