Настани Предавање на Лорен Андрес
EN

Предавање на Лорен Андрес

09/12/ 2019

Предавањето насловено „Градовите и привремениот урбанизам“ се однесува на прашањето како привремениот урбанизам (temporary urbanism) може да претсавува одговор на специфичните потреби на градовите, односно да биде пристап кон трансформацијата на нивните социо-економски простори и урбани контексти. Значењето и практикувањето на привремениот урбанизам, покрај од архитекти и урбанисти, исто така станува податлив и применуван од  уметници во нивното делување и креирање на содржини и пораки во јавните простори на градовите.

Лорен Андрес е  професор по Урбани студии на Универзитетот во Лондон (UCL University College London) Велика Британија. Нејзините истражувачки и академски интереси се фокусираат на урбаната географија и урбаното планирање во различни просторни и временски опкружувања. Ова ја подразбира  динамиката на социјалните, политичките и економските промени во градовите и нивното влијание на различните простори, како и на урбаната и животната средина. Нејзините публикации се застапени во престижни списанија како Urban Studies, Environment and Planning А, Urban forum, Regions, International Journal of Urban and Regional Research,  Regional Studies. Андрес има комплетирано тринаесет меѓународни интердисциплинарни истражувачки проекти во Европа, Јужна и Источна Африка и Бразил.

МИНАТИ НАСТАНИ

Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 - 2023

Среда, 27. декември, 2023 во 20,00 ч.

Бојана Пишкур: НЕКОИ РАЗМИСЛИ ЗА ДЕКОЛОНИЗИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Среда, 20. декември 2023, во 19,30 ч.

Предавање на Рик Долфијн: КУРИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНОТО: НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ

Недела, 17. декември 2023 во 12.30ч

Презентација на Центарот за политичка убавина

16/10/ 2023, 18:30 ч