Едукативна програма Училиште МСУ Предавања Работилници МСУ Водич
EN

Презентација на Дарко Алексовски

17.04.2022

Презентација на делата на младиот македонски уметник Дарко Алексовски, по повод неговата самостојна изложба „Пејзажи на восхитот“. Алексовски е еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на 13. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ Скопје.

Видео запис: 1:16:39

Презентација на Хедвиг Фејен

03.11.2021

Темата на предавањето е концептот на Манифеста, со претставување на претходните изданија на оваа значајна европска биенална изложба, како и запознавање со концептот, програмата и развојот на престојната „Манифеста 14 – Западен Балкан“. Хедвиг Фејен (Холандија) е основач и директорка на Европското номадско биенале за современа уметност – Манифеста.

Видео запис: 1:15:46

Сол Њумен: „Постанархизам и критички уметнички пракси

29.10.2021

Во своето предавање Сол Њумен зборува за можноста критичката уметност да отвори нов вид на јавен политички простор. Притоа се фокусира на некои од философските идеи што ја поткрепуваат оваа нова релација меѓу уметноста и политиката, и тука станува збор за анархизмот или она што Њумен го нарекува „постанархизам“, што подразбира антиавторитарна политика и етика. Сол Њумен е професор по политичка теорија на Универзитетот Голдсмитс во Лондон, Велика Британија. Неговата работа се осредоточува на современите форми на радикалната политика. 

Видео запис: 1:13:27

Тања Бругуера: „Специфичен политички тајминг“

30.09.2019

„Специфичен политички тајминг“ е термин на Тања Бругуера што дефинира еден вид уметност создадена да постои во одреден политички момент, давајќи му на уметничкото дело потенцијално политичко и општествено влијание. Бидејќи веќе не е доволно да се прави уметност како постериори реакција, време е да се прави уметност за она што сè уште не е и за она што доаѓа. Тања Бругуера е една од најзначајните ангажирани уметници, која се занимава со инсталација и перформанс и чии дела често  ги нагласуваат општествените ефекти од политичката сила.

Звучен запис: 1:22:00

Трибина: Ослободување-на-просторот

18.05.2019

Проектот и изложбата Ослободување-на-просторот ги отвора прашањата што во последниве години ги наметна насилната преобразба на идентитетот на Скопје. Проектот Ослободување-на-просторот на кураторите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска и четирите архитектонски тимови, претставен во македонскиот павилјон на 16. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2018 година во организација на МСУ, поаѓа од осмилувањето на вредностите на јавниот простор. Повеќе за проектот на: https://msu.mk/exhibition/

Видео запис: 0:29:15