Изложби Тековни Следни Минати
EN

Албан Муја, Линијата што избледнува: Приказни за работ на легалноста

07/06/2024 – 28/08/2024

Самостојна изложба

МСУ Скопје

Куратор: Владимир Јанчевски

Во динамичен свет кој е дефиниран со постојана промена, феноменот на уништување на општествениот, политички и економски систем е дел од искуството на нашите општества заглавени во навидум бескрајна транзиција.

Граници, бариери, ѕидови, видливи и невидливи, градење, изградба, обнова, дупки и рабови во законот, или на друго место, транзиција, трансформација, надминување, сè тоа работи што нè опишуваат и одредуваат.

Уметничката практика на Албан Муја истражува различни аспекти на структурите кои ги дефинираат националните, идеолошките, идентитетските и егзистенцијални прашања кои не се толку очигледни. Неговите дела се повеќе од само едноставно претставување и раскажување, фокусирајќи се, исто така, на улогата што сликите и медиумите ја имаат во конструирањето и обликувањето на доминантиот наратив, односот кон идентитетот и историјата. Некои од проектите на Албан Муја се фокусираат на нетипични згради, како што се скромните семејни куќи кои неконтролирано се издигнуваат над покривите. Навлегувајќи во анализирање на овој неконвенционален градски пејзаж и урбаната стагнација и контурите кои се развиваат, Муја создава мапа на градот, којашто истовремено сведочи за потфрлањето на системот, како и за индивидуалниот „креативен“ пристап кон проблемот.

Уметничката практика на Муја го отсликува и коментира современото општество и неговите тешкотии во многу специфичен геополитички контекст. Употебувајќи критичка позиција во комбинација со иронија и духовитост, неговите уметнички дела се справуваат со горчината на геополитичкиот, општествениот и уметничкиот систем. Имплицирајќи поглед и збир на структурни односи, географски и територијални, уметникот го свртува вниманието кон народите од овој регион – дома, како и во нивните заедници во странство, традиционално вкоренети во градежните работи, феноменот на мигрантскиот труд и проблемот да се биде лишен од социјални алатки, економска и правна сигурност.

Изложбата на Албан Муја во МСУ-Скопје прикажува избор од неговите дела во периодот од 2016 до 2023 година. Замислена како обид за поврзување на комплементарни дела кои ја прикажуваат и критички ја опсервираат споделената состојба и нашите заедничка засегнатост преку границите, изложбата е фокусирана на секојдневието, како и искуството на ситуација на принудна транзиција и продолжена неизвесност.

 

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024 >

04/04/2024 – 21/05/2024

Јонас Стал: Станица пропаганда

01/03/ 2024 - 31/05/ 2024

Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје

07/12/ 2023 - 22/02/ 2024

Иднината како проект: Доксијадис во Скопје

21/09/ 2023 - 23/04 2024