Изложби Тековни Следни Минати
EN

Аквизиции – донации 2012-2016

Можноста да се создаде одбрана и квалитетна колекција на современи ликовни дела, создадени од уметници од земјата и од странство со различни естетско-ликовни ориентации, е акција на Музејот уште од неговото создавање. Така создаваната колекција содржи специфичности што ја одделуваат од другите музеи од ваков карактер и ја прават особено важна за овој јужнобалкански простор. Карактеристиките на збирката се надополнуваат, збогатуваат и се коригираат со откупите, како основна музејска дејност и по пат на донациите на уметнички дела. По тој повод е и оваа изложба „Аквизиции – донации 2012-2016 г.”, со прикажување на делата пред јавноста, на делата откупени и донирани во изминативе пет години.

Слободно можам да кажам дека овојпат особено внимание е посветено на современото македонско ликовно творештво и неговата застапеност во колекцијата, а некои од нив се и дел од постојаната поставка на МСУ. Физиономијата и дејствувањето на основните задачи на музејот во минатото би сакале да продолжат и во иднина со големи подвизи и новитети, организирање изложби од применетата уметност, индустрискиот дизајн, современата архитектура како од домашната така и од светската уметничка сцена. Една и од поважните пораки и мотивации е и откупот на истите.

Откупени се 41 уметнички дела, и тоа само од македонски автори, додека пак донирани се 27 уметнички дела, 20 дела од македонски и 7 дела од странски автори.

Тука се вбројува и една од пообемните и позначајните донации од семејството Михајлови на творештвото на карикатуристот Делчо Михајлов, чиј број е 2072 карикатури во техника туш и акварел на хартија, што се репродуцирани во неговата монографија, а дел од нив ќе бидат изложени на оваа изложба „Аквизиции – Донации 2012-2016 г.”

Сакаме да ја поттикнеме иницијтивата за дополнување на МСУ колекцијата преку значајните колекционери и голем број поединци кои ја поддржуваат музејската дејност и мисија да се соберат, проучуваат и да се чуваат, и да ги презентираат значајните уметнички дела од различни периоди и години. Особено се возбудливи поединечните реакции на голем број уметници, меѓу кои има и значајни имиња на современата македонска и светска уметност. Нивниот придонес, и според својата вредност, а често и според својот обем, е извонреден. За одбележување е дека принципите што ја раководат оваа акција се чинат осмислени и погодни и за натамошно нејзино траење, бидејќи произлегуваат од некои трајни етички и хуманистички аспирации на денешното напредно човештво и на современата уметничка свест.

Музејот, како установа создадена со една широка меѓународна акција, и со таквото дејствување за едно интернационално зближување, покрај негувањето и посебната грижа на македонското ликовно творештво секогаш мора да се настојува и да не се заборава и откупот на странски дела од светски автори за збогатување и поттикнување на современиот растеж на меѓународната колекција на Музејот на современата уметност во Р.Македонија.

Ива Петрова Димовски

 

Откупи

Славица Јанешлиева-Бачварска, Богдан Грабулоски-Бонач, Гоце Наневски, Игор Сековски, Горазд  Попоски, Лена Стефанова, Мирна Арсовска, Борис Шемов, Тоде Ивановски, Антони Мазневски, Ибрахим Беди, Ладислав Цветковски, Мирослава-Микица Трујкановиќ, Борче Богоевски, Дита Старова, Михаил Корубин, Гордана Вренцоска, Васил Василев, Александар Ивановски-Карадаре, Атанас Атанасоски, Стојче Тоциновски, Јасминка Новковска, Иван Велков, Јован Шумковски, Благоја Маневски, Душан Перчинков, Жанета Вангели, Кирил Гегоски, Станко Павлески

Донации / Donations

Жанета Вангели,Тони Шулајковски, Жељка Момиров (Србија), Љубомир Вучиниќ Србија), Александар Станкоски, Сократ Лафазановски, Иван Блажев, Дарко Алексовски, Хенри Мур (Велика Британија), Херолд Стивенсон (САД), Нада Прља, Башак (Турција), Олга Кулишев – Клер (Франција), Симон Узуновски.

Насловна фотографија: Нада Прља, Локално глобално, 2007, инсталација со грамофони и печатени 33′ музички винили.

Фото: Анита Палческа

Станко Павлески, Структури 2, метал

Ладислав Цветковски

Zeljka Momirov

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

14. Биенале на млади уметници | БУДЕЊЕ

06/04/ 2023 - 26/05/ 2023

Пејзаж на вознемиреност

09/03/2023 - 06/04/2023

Петар Лубарда: Дела во збирките на МСУ Скопје

01/03/ 2023 - 31/03/ 2023

Дритон Селмани: Лаењето на облаците не ги вознемирува кучињата

04/11/ 2022-25/02/ 2023